Бали- втор дом за туристите
Бали, велат е островот на среќата, изобилува со ориз, кокос, палми, кафе, какао, памук, тутун, песочни плажи, воодушевувачка боја на морето и -насмеани луѓе.
Зад името се кријат епитетите како „Остров на боговите“ или „Последен рај на земјата“. А за да делува рајски помага локацијата – сместен во пределот на екваторот со стотини километарски плажи и големи бранови.
Бали представува мамка за се, хедонисти, љубители на природата и ексремниот спорт. Во внатрешноста на островот ќе се сретнете со песочни полиња, речни брзаци, вулкански кратери, пештери и тропски шуми во кои живеат околу 280 вида птици чија песна, во комбинација со мирисите на островот, прават на Бали навистина да се чувствувате како на островот на боговите.
На островот, поголем дел од населението се индонезиски хиндуисти, дружељубив и пријатен народ. Нивната календарска година брои само 210 дена. Живеат за церемонии и прослави, а играњето им е во центарот на настаните, што и да работат – па дури и да е и погреб. Тие не ги оплакуваат починатите, со пеење и играње го слават животот на оние што живееле.
Најубави и на туристите најомилени плажи се наоѓаат на југот на островот. Освен плажи, југот го крие и популарното градче Кута, со бурен ноќен живот за туристи, преполн со разновидни ресторани и дизајнирани барови за оние со подлабок џеп, сурферски падини, мирни вечери покрај море, залив со преубав поглед на залез на сонце и вкусни специјалитети од морски плодови.
Престолница е Денпасар, главен сообраќаен јазол, со забрзани туристи и локално население, кое многу се разликува од останатите места на Бали.
На север на островот нема гужви. Туристите затоа Бали го сметаат за втор дом и комлетно се прилагодуваат на нивниот начин на живот. Сите возат велосипед или мопед, низ нереалното зеленило и улици без тротоар. За оние кои уживаат во јога, единството на телото и духот можат да го најдат на плажа со шумолењето на брановите.
Убуд е уметнички и културен центар на Бали. Неговите улици се преполни со галерии, уметнички студија, спа салони, мали дизјанирани ресторани, продавници за сувенири… Многу сликари, вајари, музичари или танчери може да се видат во секој момент како уживаат во својата уметност. Тука се и бројните музеи, автентични вегетеријански ресторани, но и шумата на мајмуните, природен резерват со околу 340 мајмуни, секогаш подготвени за играње, но и за крадење на работите кои ќе им се видат интересни. Можете да ги посетите и овошните плантажи и да се одморите со кафе или чај со сите можни вкусови.
Извор: jungletribe.rs
Фото: thehoneycombers.com