Банани и чоколадо
Потребно е:
– 2 банани
– 1 лажица путер
– 1 лажица кафеав шеќер
– 1 лажица павлака
– кикирики
– стопено чоколадо
Во посебен сад ставете го путерот да се стопи, додадете го шеќерот и мешајте се` додека не зоврие. Потоа ставете ја павлаката и повторно измешајте, и оставете на оган една минута.
Исечете ги бананите по должина, кратко пропржете, и ставете на хартија да се исцедат.
Прелијте со чоколадо и кикирики.
Коментарите се затворени