„Бафта“- Кејт Мидлтон како принцеза Дијана
Филмските награди „Бафта“ во лондонската Кралската опера во Ковент Гарден, во своето тринаесетто случување го собраа актерскиот крем. На црвениот тепих суверено поминуваа актерките кои одбраа фустани со едноставна линија и исти такви бои а ова се дами кои добија најмногу комплименти.
Најисчекуваната личност секако беше Кејт Мидлтон, која едноставно фасцинираше со својот фустан. Никогаш претходно не сме ја виделе војвотката во бело, особено не на официјално случување, а ова дефинитивно беше празник за очи. Асиметричен фустан со едно раме многу женствено го создаде модната куќа Александар Мекквин. Визијата е дополнета со фризура, обетки и бисери што некогаш ги носеше принцезата Дијана.
Салма Хаек имаше тесен црн фустан со еден ракав и камелеон брош на Гучи. Многу поедноставно, ама стилски блесна и Ирина Шајк. И двете имаа собрани коси.
Не можеме да ја пропуштиме Кејт Бланшет, која со темната коса беше скоро непрепознатлива. Таа носеше совршен црн фустан со интересен акцент на камењата од предната страна и идентичен прстен. Моделот го потпишува Кристофер Кејн.
Извор- Розали.бг
Коментарите се затворени