Бендот “The Mole Pack” го сними својот прв албум “Gambling Man” кој е инспириран од прогресивната блуз-рок сцена од доцните 1960-ти и раните 1970-ти години . Албумот се состои од девет песни во кои покрај блуз и рок има доза на фанк, соул, па дури и малку кантри влијание. Неодамна го објави својот прв сингл, кој е насловен како албумот.
“Нè собра Димитар, кој е веќе долго време блуз фанатик, и го напиша целиот материјал за албумот. Пред сè, сите ние сме блиски пријатели, па музичката конекција и разбирање дојдoa природно.” – вели Александар Ѓорѓиески, главниот вокал на бендот.
Рбетот на бендот се состои од: Димитар Даневски (ритам и соло гитара), Александар Ѓорѓиески (вокал и усна хармоника), Теодор Бошков (бас гитара) и Глигор Гишо Динев (тапани). Пријатели и музичари кои имаат значајна улога и го комплетираат, како што тие велат, „ чопорот“ се: Дарко Стојоски (ритам и соло гитара), Златко Андријевски (ритам и соло гитара), Бранко Сапламаев (клавијатура), Влатко Сапламаев (клавијатура) и други блиски пријатели.
-Без разлика дали се работи за интерес за музика, филм, било која форма на уметност, било која форма на наука или филозофија, или било каков интерес во животот“ – бендот повикува да “копаме” по она што навистина го сакаме. „Дружете се, сакајте се, и слушајте добра музика.
Се надеваме дека ние ќе ви помогнеме во тоа.” – велат “кртовите.”