Бидете насмеани одвнатре и имајте срце полно со љубов
Тоа е превенција на сите болести – кога сте тажни или лути, кога плачете или се нервирате, вашите органи испуштаат отрови, вели источната медицина. Но, ако сте среќни и со насмевка, тие реагираат сосема спротивно.
Денешно време е стресно, хаотично, а корона вирусот ја зголеми анксиозноста и депресијата кај сите. Но, се` што треба да правите е- да не правите ништо.
Треба да се научи, кога ќе се појави сложена ситуација, што и да се случи, да не дозволите таа да ве проголта. Ете затоа треба да се смеете.
Благодарение на таа едноставна акција, светот ќе се промени и она што ви е изгледало и сте го очекувале како огромна опасност, нема да се случи.
Отпрвин ќе ви биде тешко да ги процените резултатите од внатрешната насмевка. Но, верувајте, со текот на време, тоа ќе стане неизбежен дел од вашиот живот.
Каде и да се наоѓате, сеедно дали сте млади или стари, насмевнете се, опуштете се, наполнете го срцето со љубов и дозволете им на брановите на спокојното чувство да ви го исполнат телото. Тоа е толку едноставно и корисно. Само дозволете и на љубовта да влезе во вашето срце, насмевнувајте се почесто и вашите проблеми ќе се растопат како мраз под сончевите зраци.
Коментарите се затворени