Бизнисменот Трифун Костовски ќе има своја шоу програма на новото издание на Интернационалниот фестивал „Охрид фест“. Тој ќе настапи во поп вечерта, која ќе се одржи на седми, во сабота. Костовски не откри многу околу шоу програмата, со желба да биде изненадување за публиката, но вети дека тоа ќе биде вечер кога ќе се слави љубовта.
-Целиот концепт се уште не е направен, но знам дека ќе направам шоу со неколку песни, исклучиво нови песни кои ги работевме со Григор Копров и Александар Митевски. Јас веќе имам седум нови песни, кои ќе бидат промовирани понатаму, а ова шоу ќе биде само со дел од тие песни. Песните се пишувани по еден терк, кој мене ми одговара. Тоа се поп балади со убави текстови. Сметам дека барем во пеењето и рециталите се пронаоѓам и тоа се лично мои и автентични обележја. Бидејки многу ја сакам поезијата и песната. Во песните секако се пее за љубовта и затоа, пак, ќе кажам дека тоа ќе биде вечер на љубовни песни. Се во име на љубовта, вели Костовски.