Б комплексот витамини имаат благотворно дејство врз помнењето, особено во стресните ситуации. Кога се наоѓате во состојба на физички и психички стрес, на телото му недостасува витаминот Б. Тој недостаток ги спречува и хемикалиите заслужни за помнењето да функционираат нормално, затоа и ви се чини дека се што читате, не го помните.
Б1, Б2 , бета- каротинот и цинкот се неопходни за добро помнење.
Б1 е важен за добра концентрација и се наоѓа во пченичните никулци, грашокот, гравот, оревите, кикирики, компири, пченка и месо.
Б2 е одговорен за брза ментална реакција а го има во бадемите, житарките, млекото и млечните производи, јајцата и џигерот.
Цинкот го наоѓаме во морските плодови, јужното овошје , житарки а неговиот недостаток има врска со депресија, сенилност и намалено помнење.