Ване Марковски: Одмор што се памети
Летото секогаш асоцира на патување, одмор, безгрижност, сини утра и убави звуци на природата… Годинава е се поинаку, и додека привикнуваме на „новата нормалност“ можеме да патуваме и со мисли, потребно е само да џбурнеме меѓу спомените.
Во тој контекст, еве на кое лето Ване Марковски најрадо се сеќава.
– Минатото лето ми е едно од поубавите и на него секогаш ќе се сеќавам со насмевка… Во мај месец со колеги новинари бевме на патување во Анталија. Една недела престој на оваа инфо- тура беше доволна за еден куп спомени кои ми „крадат“ насмевка секогаш. Кога ќе се сетам што се поминавме со луѓе, со кои за прв пат патував некаде, а со дел од нив и тогаш се запознав…па тоа беше бајка од патување…
Вториот дел од одморот го поминав на планина, тотално различно од првиот пат. Сега со моите кученца, на село, чист воздух, без цивилизација, здрава селска храна и тоа цели две недели. Готвевме, се шетавме, малку и на моменти ни беше чудно со оглед на тоа дека одамна се одвикнавме од вакви нешта…Еве и сега кога ме натеравте да ја освежам меморијата, прво што ми падна на памет е таа 2019 година и тоа лето…Сега се смеам и велам, ако тоа е цената за седењето дома оваа 2020 година, не се жалам, топ лето беше…
7дена.мк
Коментарите се затворени