Велигденско јајце, симбол за радоста на животот
Велигден ја дава смислата и суштината на христијанството и е потврда на верата, зашто, како што рекол Свети Павле: „Ако Христос не воскреснеше, празна ќе беше и нашата вера“. Црвеното јајце е најважниот дел од празнувањето на овој најстар и најголем христијански празник.
Јајцето е извор и симбол за животот.
Јајцето е смисла, семејство, љубов, сплотеност… Секоја куќа има свои спомени од Велигден, колку повозрасни толку побогати со слики врежани во меморијата… Продолжете да собирате спомени…
Инаку, вапцањето на јајцата, оваа традиционална симболика од повеќе култури е пренесена во христијанството, со повеќе преданија. Едно од нив е која Марија Магдалена дошла под крстот на Исус носела варени јајца кои се обоиле црвено од крвта на Исус.
* Потоа, кога Евреите барале доказ од христијаните дека Исус воскреснал – кокошките да снесат црвени јајца, што и се случило.
*Со текот на времето црвеното јајце станало симбол на Велигден, но и на пријателство. Повеќемина собирачи на народни умотворби, обичаи и верувања запишале дека во минатото христијанските семејства им испраќале на Турците, со кои биле во добри односи, велигденски јајца како поздрав.
Сите обичаи, преданија, верувања поврзани со Велигден во себе ја содржат желбата за откривање и осмислување на животот.
Коментарите се затворени