Винтиџ-облека, гардероба од времето на нашите мајки и тетки
Што е винтиџ-облека? Тука не станува збор за класично-инспирирана, туку легитимната ретро-облека, која веројатно мириса на нафталин. Но, изгледа автентично а да носиш винтиџ-облека, дефинитивно значи да имаш стил.
Единственост
Ако сакате да им се спротивставувате на другите, или секогаш го правите токму спротивното од она што го прават сите, тогаш винтиџ може да го направи вашиот избор на облека многу полесен. Да се биде „чудно дете“ во целина е многу подобро отколку луѓето да ви припишуваат некакви заслуги. Потребно е многу смелост да не се попушти пред притисокот на врсниците и да не се стане уште еден следбеник на она што сите други го прават, велат или носат.
Враќањето на поимот „секси“
Искрено, не секогаш сте во можност да останете во чекор со најновите модни трендови. Затоа носењето винтиџ-облека всушност е „вин/вин“ ситуација за такви луѓе. Винтиџ всушност е „ин“. Сепак, ретко кога двајца луѓе ќе облечат иста облека од овој тип. Можете да изберете деценија што ви се допаѓа во стилот и едноставно да ја следите. Без оглед на се, тоа е кул.
Практичност
Љубовта кон нашата планета е огромна причина да се носи винтиџ. Во Америка на пример се фрлаат 13 милиони тони текстил секоја година. Тоа е околу 12897042337, 8 килограми, или- 12 милијарди килограми секоја година.
Некои сакаат рециклирање и обновување. Навистина пречи кога мора да се фрла нешто, па кога е можно, или се рециклира, обновува или се донира.
Фрленото од еден е богатство за друг човек
Кога ќе забележите некое слатко класично парче облека, гарант ќе се расположите. За тематските забави ние знаеме да позајмуваме од пријатели, роднини но има и среќници кои ова „богатство“ го чуваат на таван или во подрум.
Спомени
Слатки, убави спомени. Понекогаш, се` што е потребно е парче стара облека за да се предизвикаат нечии сеќавања. Прашајте ја тетка ви што имала на себе на првиот состанок, или татко ви да ви раскаже за кошулата со километарски ревери, која му била вистински фаворит. Купишта спомени што прават некој да се чувствува убаво.
Економичност
Повеќето луѓе не сфаќаат дека винтиџ-облеката е многу барана. Ако сте со помал буџет, тогаш разбирате за што се работи. Или, ако немате време да пребарувате низ продавниците за стара облека, уникатните парчиња можете да ги најдете и на интернет. Вообичаено, цените се многу разумни.