0.8 C
Skopje
вторник, јануари 28, 2025
spot_img

Витаминот Ф за убава кожа и за борбата против холестеролот

Станува збор за неопходен витамин кој нашиот организам не може да го создаде. Имено, тоа е супстанција од која се синтетизираат другите заситени масни киселини. Овој витамин игра главна улога во создавањето на одбранбената рамнотежа.
Што може витаминот Ф да направи за вас? За почеток: помага да се спречи таложењето на холестеролот во артериите, придонесува за здравјето на кожата и косата, дава извесен степен на заштита против штетното дејство на Х-зраците, го помага растењето и општата здравствена состојба, помага при намалување на тежината, согорувајќи ги заситените масти…
На нашиот организам дневно му се потребни 10-20 грама од овој витамин. Тоа количество се наоѓа, на пример, во две супени лажици сончогледово масло, преработено со ладно цедење. Полизаситените масни киселини, во кои се наоѓаат витамините Ф, се концентрираат во семето на сончогледот, ленот, сусамот, афионот…
Недостигот од витамин Ф предизвикува губење на водата во организмот и, поради испарувањето, се јавува претерана жед. Другиот знак за аларм е кога кожата почнува да се менува. Поради недостиг од витамин Ф кожата станува сува, најпрво на стапалата, потоа на нозете, а на крајот на целото тело.
фото – pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена