Сопруга Овен
Таа е многу нервозна, ретко му се доверува на својот сопруг и навистина и треба подолго време за да се почувствува сигурна во брак. Причината не е внатрешна несигурност, туку колку тој е дораснат да и парира. Но, по извесно време жените Овни имаат потреба од силна поддршка на маж, и често бараат помош од него.
Сопруга Бик
Буквално сака да му биде глужд на партнерот. Таа е женствена и гламурозна, одржува живо пламенче на страст во брак и вложува макотрпен труд да не згасне. Ако го добие сето тоа, многу е лојална и секогаш застанува до мажот. Подготвена е да го жртвува својот личен напредок на професионален план, за да го поддржи својот сопруг.
Сопруга Близнаци
Сопругата во овој знак е непредвидлива. Сака да му прави изненадувања на својот маж и тоа најчесто со подароци и го бара истото за возврат. Сопругата Близнаци држи до семејните вредности и е многу темелна кога станува збор за воспитувањето на децата. Подготвена е да ги жртвува сите во името на сопругот и децата, дури и тоа да значи чекор назад во нејзината работа.
Сопруга Рак
Сопругите во знакот на Рак се емотивно нестабилни. Поради чувствителната природа имаат потреба од сигурен и трпелив партнер, и го ставаат семејството на прво место. Тенденцијата е до тој степен да се оддадат на фамилијата, што неретко ги прекинуваат контактите со пријателите. Сакаат да поминуваат многу време дома, грижејќи се за удобноста на семејното огниште.
Сопруга Лав
Лавицата е магнетски привлечна личност. Успева совршено да балансира помеѓу семејството и работата, но не ги заборава и пријателите. И покрај желбата да доминира дома, не е многу практична домаќинка. Чистењето, готвењето и другите домашни активности не се нејзината страст и тоа го прави со голема неподготвеност. Но, кога станува збор за воспитување на децата, сопругата Лав нема конкуренција.
Сопруга Девица
Девица е перфекционист во секој поглед и истото го бара од другите членови на семејството. Никогаш домот на Девицата не е валкан, напротив, се е скоро перфектно чисто и уредно. Дури и да не ги сака домаќинските активности, Девицата се труди да прави се што е потребно дома и вложува макотрпен труд. Во односите со партнерот знае да заглави во анализи постојано копнеејќи кон перфекција.
Сопруга Терезија
Оваа жена е строга, иако ќе ве заведе со својот шарм. Дискретна во однос на се што влијае врз нејзиното семејство. Никогаш нема да ја слушнете да ги коментира недостатоците на нејзините, ниту пак да се жали. Многу вложува во семејството, но знае да ги занемари пријателите. Многу време поминува во кујна и тоа е нејзиниот начин да ја изрази љубовта кон најблиските.
Сопруга Скорпија
Опасна жена, еден од знаците кои најтешко им дозволуваат на луѓето да им се приближат. Чувствителна е, често несигурна во својот партнер и си одзема многу време пред да преземе сериозни чекори во брак, како што е раѓање дете. Потоа, почнува нејзината лична агонија, затоа што многу доцна дознава дека можела да одбере подобар сопруг. Една од маните и е тоа што е многу експлозивна.
Сопруга Стрелец
Сопругата Стрелец сака да доминира над партнерот и затоа има потреба од маж кој нема да и противречи. Како огнен знак, таа е страсна и оддадена целосно на сопругот и семејството. Во исто време, сака да е самостојна и да придонесува за семејниот буџет. Често и пречи однесувањето на сопругот, без оглед на ситуацијата.
Сопруга Јарец
Оваа жена бара стабилен маж покрај себе. Јарецот сака се` да држи под контрола, иако не во крајности како што прави Стрелец. Обожава да е дома и има склоност да заборави на пријателите и роднините. Кујната е местото каде што се чувствува удобно и сака да експериментира. Склона е кон баланси помеѓу работата и семејството.
Сопруга Водолија
Сопругата Водолија е индивидуалец и нејзината природа е таква што и е тешко да се спои со кого било, па макар тоа бил и нејзиниот сопруг. За Водолија пријателите и службените контакти се исто толку важни како и семејството. Во однос на децата, има нестандардни пристапи на воспитувањето – внесува забава и многу уметност.
Сопруга Риби
Жената Риби е вистински домашар. Ретко ќе ја видите по барови и дискотеки, како се забавува со другарки. Во кујната е ненадминлива, експериментира и целата своја љубов ја канализира во готвењето. Полна е со идеи, креативна е и ужива во промените во ентериерот дома, дава многу љубов и буквално, до крајот на животот го обожува својот сопруг.
Фото- mommyish.com, blog.hairandmakeupbysteph.com