0.8 C
Skopje
среда, јануари 21, 2026
spot_img

Во чест на Денот на македонската азбука. Блаже Конески: Пролет

Ноќеска слушав песна
далечен топол глас,
утрово сонце ме бакна,
затоа весел сум јас.

Очиве ми се смеат,
како да не бидам луд?!
Од поле децата првпат
донесле врбов цут.

Како да не сетам мака
за твојот поглед и рака!
Спомни ме и ти мене
в срмена пролет и драга –
навечер кога со пупки
се реди твојата снага.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена