Ако го сакате виното и го љубите градот на конзулите, ова е настан за вас. Имено, првото издание на „Боемскиот вински салон“ ќе се случува токму во Битола, на 27 декемви (четврток) во холот на Народен театар, од 15 часот.
Битола и Пелагонискиот регион ќе понуди еден нов настан, на кој ќе се запознаеме подобро со малите производители на вино, ќе ги слушнеме нивните вински приказни и ќе ги дегустираме вината направени со страст. На овој начин организаторот „Слоу фуд Битола“ сака да ја гради винската култура во нивниот регион, да едуцира за поднебјето, за зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, техниките на производство на вино и животната средина.
Организатор на салонот е конвивиумот „Слоу Фуд Битола“, со поддршка на Општина Новаци, ЈП Водовод, Битола, Горска вода, Бабук, ЈП Пазари, Битола и Народен театар Битола.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени