7.8 C
Skopje
среда, февруари 5, 2025
spot_img

Време е за фини нешта: Гответе и учете со познатите шефови

Слоу Фуд- Водно, Здружението за социјални иновации Арно, и Средното угостителско училиште „Лазар Танев“ денеска промовираа несекојдневна иницијатива, вистинска привилегија за идните готвачи, насловена како „Часови за готвење слоу фуд“.
Имено, во периодот до месец март, а почнувајќи со 8 декември, најпознатите шефови, секој со својата специфика, автентичност и белег, ќе организираат часови за готвење, се разбира во поинаков филм, односно, со различни тематики.
Станува збор за добро познатите шефови – Маре Јаневска, која стартува со темата „Сирење на трпезата“ (8 декември) и која женската умешност во исконскиот танц со брашното ќе ја повтори понатаму, во романтичната тема „Месеници од тефтерот на баба“.
Потоа настапува вистинскиот креативец, шеф со магија во прстите, Бобан Симоновски кој мистиката на: „Тркалото на сезоните“ ќе им ја открива на идните колеги.
Приказната понатаму продолжува со шефот Зоран Мајновски, кој императивот да ги задоволи и напребирливите гости ќе го презентира со темата – Протеински растенија“ и на крај, шефот Дејан Карапеев, волшебник за храна од морски, езерски и речни води, ќе има час наречен „Риби од нашите води“.
Што е уште важно: цената на секој час (90минути), изнесува 1200 денари а секој учесник ги добива потребните намирници и под будното око и со инструкции на главниот шеф, ќе може да подготвува нови јадења, според концептот на Слоу фуд. Интересно, нели.
Средствата понатаму ќе бидат инвестирани во учениците и нивните понатамошни обуки.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена