Кога некого ќе го запознаете преку социјалните мрежи, поточно преку фејс-бук, лесно може да се случи да почувствувате дека таа личност ја знаете со години, да се почувствувате блиски и многу брзо да почнете да се отварате пред неа. Меѓутоа, тоа отварање е поттикнато од тоа што се чувствувате сигурно помеѓу своите четири ѕида, тој некој не може да ви пријде а контактот ќе го прекнете кога ќе посакате, потребен е само еден клик на маусот, и, како со никого да не сте разговарале. А чувството на блискост?
Илузија е поттикната од фактот што пред себе немате личност од крв и месо, го знаете само она што ви е кажано и го надоградувате со она што сте го замислиле. Не постои нешто што би ја уништило вашата илузија, ништо не ве спречува да верувате дека таа личност навистина е такава каква што сакате, дека навистина ја отворила душата за вас.
Бидете внимателни, штом ќе се запознаете со „анонимецот“ можете да бидете потполно разочарани бидејќи воопшто не е онаков каков сте го замислиле. Може да дојде и до застој во комуникација – свесно или несвесно да ве допре тоа што вистинското запознавање тукушто започнува и фактот дека пред тоа само сте си играле… Дури сега, кога личноста навистина ќе ја видите, ќе и го чуете гласот, ќе го почувствувате нејзиниот мирис, доаѓа вистината.
Фото- Pexels
Автор
Сите Објави