Вљубени колачиња
Состојки: едноипол пакување путер, 100 гр мед; 1 лажичка екстракт од ванила; 200 гр бадеми, мелени; еднаипол чаша пченишно брашно; еднаипол чаша сенаменско брашно; џем или слатко за полнење.
Во голем сад, со миксер со средна брзина се матат путер, мед и екстракт од ванила. Се додаваат бадеми и брашно, и добро се замесува. Смесата се дели на 4 парчиња; секое парче се завиткува во ќесе и се чува во фрижидер најмалку 2 часа.
Рерната се загрева на 160 степени. На восочна хартија лесно наросена со брашно, се расукува 1 парче од тестото. Потоа со нож за колачи во форма на срце, тестото се сече на срца и парчињата се пренесуваат на тепсија. Остатоците се завиткуваат и се ставаат во ладилник. Ако колачињата се полнат со џем, се прави плитка влабнатина во центарот на секое колаче, а потоа секоја се полни со лажица џем.
Колачињата се печат 10 до 15 минути, или додека не потемнат на рабовите. Се оставаат околу 2 минути на тепсијата, а потоа се префрлуваат на решетка, за да се изладат целосно. Истото се повторува со останатото тесто и со остатоците.
Фото- Minina kuhunjica
Коментарите се затворени