Кој не сака добар старомоден мрсен англиски појадок, еве полесна варијанта и богатство на вкусови: овој вегански и вегетаријански зготвен појадок е старт за убав почеток на денот. Богат и совршен, како создаден за уживање во друштво со пријателите во врнежлива недела какви што се повеќето во Англија, ама и дава мало утринско „спасение“ по доцните ноќни активности.
Веган, вегетаријанец – овој појадок ќе ги задоволи сите љубители што сакаат пржење. Инаку, маснотиите и солта се синоним за пржење, но, не занемарувајте ја киселоста во вашиот појадок. Ова доаѓа од вашите пржени домати и тавче грав. Кога ќе ја имате оваа киселина и слатки ноти ќе ви помогнат да ги намалите маснотиите и солта и да дадете многу повеќе вкус. Од суштинско значење е тоа што ќе ве натера да јадете повеќе, бидејќи нема да бидете погодени со постојанта сол, тука имате многу минерали, протеини, јаглехидрати преку авокадо, грав, домат, компир, јајце, сирење, леб…. На здравје