Заврши Интернационалниот гастрономски натпревар „Измир 2018“, каде нашите претставници од ГАСТРОМАК дојдоа со куп награди и признанија.
Шеф Горан Јовановски доби 2 златни и еден сребрен медал во категориите модерна кујна и пилешко месо а во истите категории Шеф Ангел Карбески доби 1 златен и 2 сребрени медали.
Шеф Златко Таневски се закити со 2 златни и 2 сребрени медали а категориите беа модерна кујна и риба.
Во тимскиот натпревар Black Box е освоен сребрен пехар.
Менторите, регионалните директори на Гастромак беа Шеф Весна Тодоровска- Алачковска и Шеф Игор Атанасов а судиите на Гастромак во Измир беа шефовите Снежана Ангеловска, Весна Тодоровска Алачковска и Дејан Христовски.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени