4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Ги уништи дрогата и алкохолот

Не секој може да го издржи притисокот на славата. Многу познати светски ѕвезди прерано го завршија својот живот поради конзумирање на алкохол и дрога. За жал, никој не обрнува внимание на овој поразителен факт, туку користењето забранети опојни средства продолжува и понатаму. Не само во Америка, не само Холивуд , туку дрогата е навлезена длабоко во општеството ширум светот. Сепак, многу актери и пејачи, кои ја имале среќата многу млади да им се случат петте минути слава посегнале по забранетото и опасно по живот.

Деми Ловато
Пред неколку дена е хоспитализирана поради прекумерна употреба на забрането супстанци. CNN повикувајќи се на извори блиски на пејачката соопшти дека Деми останува хоспитализирана поради нејзината преголема доза на дрога, поради што има нагони на повраќање и висока температура. Се уште не се соопштува од која дрога Деми е дојдена до ваква состојба. Се претпоставува дека е хероин.
Линдзи Лохан


Актерката неколку пати до сега се одвикнуваше од алкохолот и дрогата. Откако и удри славата во глава таа потрошила пет милиони долари на забава, хотели, дрога и рехабилитација. Заради возење во алкохолизирана и дрогирана состојба таа помина некое време и во затвор.
Бритни Спирс
По големиот музички успех таа во 2007 година го доживеа првиот нервен слом. Ја избричи косата и нападна фотограф со чадор. Потоа следеа неколку мрачни години, во кои наводно земала анфетамини.
Кристина Агилера
Таа имала проблеми со алкохолот а во 2011 била и уапсена заради опивање. Со години проблем и беа и вошокот килограми, па направил повеќе естетски корекции.
Мајли Сајрус

Фото: vulture.com

Главната „Хана Монтана“ по снимањето на спотот во кој седи гола на голема топка изјавила дека со години функционирала под дејство на марихуана. Во тој период го снимила и спотот, од кој сега се срами и знае дека тој срам ќе ја следи цел живот.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена