Горан Тодоровски: „Како божица“ наполни 25 години
„Како божица“ првата песна на Горан Тодоровски или, како што вели тој, неговата лична карта, што премиерно ја изведе на „Сенатор фест“, вчера наполни 25 години. Вреден јубилеј во кариерата на овој наш музичар кој зад себе има 7 албуми и обнародени композиции .„Прва љубов“,„Ми ја зеде среќата“, „Како да ти речам мила“,„Пусти мерак Ратке“, „Те познавам“… Иако не е постојано активен на сцената, Горан музиката ја има како верен придружник секогаш и секаде – работи, снима, создава а сегашните песни се одраз на неговата зрелост и како човек и како музичар.
„За успех е потребна автентичност. Вниманието не може да се привлече само со сиров талент, туку треба да се погоди и време и да се има среќа , или она што како термин се користи во модерните натпреварувања: „х фактор“, вели Горан во интервјуто дадено за нашиот портал.
Златното момче од нашата естрада навистина е автентична појава во фолк музиката- неговите песни, имиџ поврзан со елечињата и големата популарност што ја доживеа во 90. години, се вистински пример за филигрански градена кариера. Честитки Горан!
Коментарите се затворени