Мартина Митревска го промовира спотот за макфестовската тема ,,Мое мило“.
За реализацијата на деби- видеото на младата пејачка се погрижија момците од од ,,Пирамид Продукција“.
– Годинава по втор пат настапив на ,,Макфест“ и многу ми е мило што испеав една среќна љубовна приказна наречена ,,Мое мило“. Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев а аранжманот го направи Кристијан Габроски. Носам многу убави спомени од снимањето на видеото. Беше навистина интересно и возбудливо – открива пејачката.
Мартина е студент на трета година на факултетот за музичка уметност. Логично, музиката е нејзина најголема љубов.