8.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Грозје: зрно по зрно- здравје

 

Според својот состав грозјето претставува вистинско богатство. Едно зрно за бубрези, едно за кожа, едно за крв… за нозе, за срце, за сила… Секое му дава на организмот минерали, витамини и многу вода. Грозјето на трпезата пристигнува свежо, полно со хранливи материи, најнапред оксиданси но и минерали. Бидејќи има диуретско и лаксативно дејство грозјето е идеално за витката линија. Прехраната која изобилува со грозје го намалува стресот.

Преку грозје внесуваме многу вода во организот- од прилика 80%, па затоа препорачливо е да се јаде на празен желудник. Ги чисти бубрезите и крвта, го спречува задржувањето на течностите во организмот и добро е против целулитот. Но, не е добро само поради течностите.

Грозјето содржи калиум кој го регулира количеството на натриум во организмот. Ја потикнува работата на цревата па затоа кога ќе почувствувате надуеност во стомакот пожелно би било да каснете барем една лажичка мармалад од грозје па цревата веднаш ќе проработат. Тоа пред се е богато и со многу шеќер што значи дека за кратко време ја враќа потребната енергија. Затоа кога ќе почувствувате замор земете барем неколку зрна грозје или лажичка мармалад.

Грозјето е  совршена состојка и на могу козметички производи.

Виното и неговата комина ја зацврстуваат кожата и и даваат необичен сјај.  Како маска за убава кожа ви предлагаме добро да измиксате грозје, количина по потреба, па потоа да го оставете да ферментира на собна температура, од прилика осум саати. Таа смеса ставете ја на кожата и оставете ја да делува половина час. Шеќерот од грозјето делува како пилинг, комината ја апсорбира прекумерната маснотија, додека  антиоксидансите ги ублажуваат брчките.

Важно

Лушпата од грозјето е богата со влакна и сето тоа претставува тешкотија за оние кои патат од колитис. Во тој случај пожелно би било да се да се јаде во мали количини и добро да се проџвака.

Дијабетичарите не треба да го консумираат бидејќи содржи многу шеќер

Опасно незрелото грозје: Недоволно созреаното грозје содржи одредена количина оксални киселини па сето тоа е  причина за создавање камен и намалување на калциумот во крвта.

Семките од грозјето се добри во лекувањето на  холестерол. Уште од времето на нашите баби, но и славните лекари од античкиот период, познато е дека семките од грозјето содржат полузаситени масни киселини кои го подобруваат холестеролот и ги штитат крвните жили. Они кои имаат проблеми со циркулацијата треба да јадат грозје со семки.

Црното грозје дава темна боја па затоа се користи за темни јадења (месо и дивеч) а белото оди со светла храна (риба или сирење).

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена