Да се подмладите и освежите: Лаванда „евергрин“ мелем
Лаванда асоцира на лето, на топлите денови и на море. Ова дискретно растение успева и кај нас, многу е отпорно и на високи и на ниски температури, а маслото од лаванда, верувале или не, со постојана употреба може да ви го засили имунитетот, да ја избрка несоницата, да ве смири и да ви ја врати енергијата. Еве за што е уште добра лаванда.
*Лаванда разладува, маслото смирува и навистина е одлична за спиење. Масажа и упорност, тоа се важните нешта до кои треба да се придржувате при употреба на ова етерично масло.
*Пријатната миризба на лаванда ја зголемува активноста, раздвижува, особено кога од неа ќе направите миризлива бања.
*Болката во мускулите, во вратот, ишијас- со редовна масажа непријатностите ќе се намалат а потоа и ќе исчезнат.
*Со етерично масло од лаванда се средуваат уринарните тегоби.
*Лаванда се повеќе се користи во гастрономијата: пријатна е за консумација и благотворно делува на желудникот.
*Вистински мелем за кожата -особено за проблематична, потоа, за дехидрација, регенерација на клетките и за измазнување на истата.
Коментарите се затворени