4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Денес и утре во Македонската филхармонија: 40 години Дарио

Денес и утре, петок и сабота, 17 и 18 февруари, во Македонската филхармонија се случуваат концерти единствени по поводот и белегот: 40 години континуирана и успешна кариера на Дарио. Тоа значи добра музика, уште подобра енергија, сплотеност и патување низ времето со песни со кои одбележувавме животни радости, ама и полесно тагувавме: „Дупла вотка“, „Ракија“, „Ладна како камен“, „Косоока“, „Дај да заспијам“,„Исток, запад, север, југ“,„Сите порази и победи“, „Се смеам за да не заплачам“, „Зборови погрешни“, , „Што е мое ќе си дојде“,„Жена за сто години“, „Какви се овие времиња“.., и сето тоа во рамките на проектите со кои и „Авалон продукција“ слави јубилеј тежок 30 години.

Дарио е омилен градски лик, човек со спомени, од исток, запад, север и југ, кој за 40 години кариера се распостлал со сите победи и порази достојни на неговото траење. Во што е феноменот на Дарио? Како успеа континуирано да трае ама и да е актуелен, па и да гибне каде што се кине? Одговорот е во неговите музички сведоштва кои имаат еволуција од вотка до ракија, кои од љубов се префрлуваат на општествените, човечките феномени. Привлекуваат и се лепат за душа текстовите кои херојот на овој текст лирски, скоро филигрански ги создавал сите овие години.
– Моите песни отсекогаш биле и се наменети за широк круг на публика, тоа е музика за сите! Во нив најмногу се наоѓаат луѓе со одредено животно искуство, некоја средна генерација, но многу често ме изненадуваат и млади деца кои ги знаат напамет и сакаат добар дел од моите постари песни. Евидентно е дека женската популација е главната слушателска публика во текот на целата моја кариера, но постои и еден чуден феномен. Имено, со текот на годините, како што станував повозрасен и како што уметнички созревав, мажите стануваа се` посериозни, побројни и многу искрени приврзаници на мојата музика- вели Дарио во едно наше интервју.
Кога се одбележуваат 40 години кариера, чиста како солза, во животот без скандали, кога се се поретки и докажувањата пред себе си, кога ќе се стигне до вистински уметнички зенит, единствено остануваат комплиментите: Секоја чест Дарио!
Се гледаме на концерот.

Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена