Младите мажи не се авантуристи како нивните татковци, односно како генерацијата мажи пред нив, и тоа најмногу затоа што не се во форма, а им недостига и мотивација, покажуваат најновите истражувања.
Денешните мажи воопшто не се впуштаат во авантури во кои, пред само 30 години, мажите се впуштале со радост. Истражувањето открива дека кон крајот на 70-тите години мажите многу повеќе биле заинтересирани за адреналински активности и го правеле тоа многу почесто од жените. Ситуацијата денес е поинаква, па мажите и жените речиси се изедначиле во занимавањето со адреналински спортови, како нуркање, скокање со падобран или планинарење. Научниците појаснуваат дека тоа не е затоа што пораснал интересот кај жената за адреналински спортови, туку затоа што се намалил апетитот кај мажите за авантури и адреналински искуства.
„Очигледно дека младите мажи ја изгубиле онаа искра која е потребна за да се впуштат во разни авантури. Видливо е последните години дека мажите се` помалку се одлучуваат и на спорт, а жените се` повеќе, па дојде до полово изедначување“, појаснува водителката на истражувањето, д-р Кејт Крос, од Универзитетот „Сент Ендрју“.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени