На прашањето какви љубовници биле познатите светски диктатори никој со сигурност не може да одговори, но, според многуте анегдоти, политичарите ги уривале стандардните бариери во постела
Јосиф Сталин (СССР)
Број на жртви – 50 милиони
Вистински психопат, повеќе сакал да ги убива жените отколку да спие со нив, но сепак оставил зад себе неколку вонбрачни деца. По самоубиството на неговата втора жена Наџа Алилуева, која го фатила во кревет со жена на еден негов партиски другар, излегоа на виделина хомосексуалните претензии на Сталин. Наводно тој имал романса со шефот на својата телесна гарда, Карл Пукер, а по пијачката сакал да го бакнува. За да се одбрани од ова, Сталин гестот го нарекол – руска традиција.
Адолф Хитлер (Германија)
Број на жртви – 40 милиони
Водачот на Третиот рајх имал богата колекција на сексуални девијации. Некои од своите љубовници ги молел да уринираат врз неговото лице и да вршат голема нужда. Не е ни чудо што неговите љубовници (Сузи Липтауер, Гели Раубал, Рената Милер, Ева Браун) се одлучиле за самоубиство. Хитлер бил свесен дека жените не го сакаат многу, па се свртел кон мажите. Голем дел од неговите лични чувари биле геј-момчиња. Не криејќи го својот хомосексуализам, шефот на нацистичката СА, Ернст Рум, еднаш рекол: „И Хитлер е еден од нас“.
Бенито Мусолини (Италија)
Број на жртви – 100 илјади
Водачот на италијанските нацисти се нафрлал на сите жени во близина. Притоа, толку брзал што не стигнувал да си ги соблече гаќите. Покрај брзината во кревет, Бенито имал уште една особина – смрдел на километар. До крајот на Втората Светска војна ги менувал партнерките почесто од чорапите, а на крај – се обесил со последната љубовница.
Фидел Кастро (Куба)
Број на жртви – илјадници
Љубовниците на водачот се жалеа: „Со една го правел ’она‘ со чевли на нозе, со друга за време на односот држел пропаганден говор, а со трета читал книга“. Меѓутоа, главниот проблем на Кастро беше тоа што работата зад говорницата му траеше и по пет часа, а во кревет ниту пет минути. Покрај тоа, жените го сакаа: кога Марита Лоренц доби наредба од ЦИА да го отруе диктаторот, се фрли во неговите прегратки. Тој не се отру од тоа.
Мао Це Тунг (Кина)
Број на жртви – 80 милиони
Изгледа Мао Це Тунг направил револуција само за да може да го задоволи својот зајачки нагон. Сакал големи кревети, бидејќи во нив можел да се смести заедно со осум девојки (со големи гради). Во согласност со кинеската традиција, тој верувал дека сексот со помлади жени ќе му ја осигура долговечноста. И изгледа дека бил во право, доживеал 83 години – возраст за која неговите претходници не можеле ни да сонуваат.
Иди Амин (Уганда)
Број на жртви – 300 илјади
Африканскиот диктатор и ханибал на посебен начин го сфаќал уживањето во врската. Според мислењето на многу негови другари по оружје, не ги јадел само непријателите, туку и љубовниците. Покрај месо, Амин имал обичај секој ден да јаде и по 40 портокали, кои, како што самиот тврдел, ја зголемувале неговата сексуална моќ. Кога ќе посакал нечија жена, прво го убивал нејзиниот маж, а потоа спиел со неа.
Ким Јонг Ил (Северна Кореја)
Број на жртви – 200 илјади
За потребите на својата најизолирана држава на светот – Северна Кореја, изградени се јавни куќи со кои управува партијата. Во нив специјално за водачот се школувале по две илјади жени, кои се учеле на разни сексуални вештини. Покрај нив, големиот водач има голема колекција порнографски филмови од Запад. Што прави додека ги гледа? Тоа е сеуште голема тајна, како и се` друго во таа земја.
(„Сан“)
Коментарите се затворени