2.8 C
Skopje
среда, јануари 29, 2025
spot_img

Добрите навики како темел на успешноста. Развивајте идеи и стратегии а одбегнувајте озборувања

Дали спаѓате во луѓе кои постојано критикувааат и се загледуваат во „туѓ двор“, или имате своја стратегија, развивате планови и се стремите кон целта? Доколку спаѓате во втората група, овој текст е за вас, за да станете уште поуспешни и подобри во она што го правите, а притоа да ви е убаво во патувањето наречено- живот.

Бидете кормилар на својот живот
Успешните луѓе командуваат со своите мисли и чувства. Тие не размислуваат за она што не може да се направи, туку за она што може. Со себе водат позитивни разговори, веруваат во своите способности. Тие ги заменуваат лошите мисли со добри, не си дозволуваат себеси да потонат во негативни емоции.Се дружат со истомисленици
Една изрека вели: „Покажи ми ги пријателите, а јас ќе ти кажам кој си“. Тоа е вистина. Опкружете се со позитивни и успешни луѓе, тогаш и самите ќе бидете такви.

Добри навики
Добрите навики се темел на богатството. Успешните луѓе имаат многу добри и малку лоши навики. Ако знаете дека вашите лоши навики може да ве спречат да бидете успешни и богати, првиот чекор е да се ослободите од нив. Земете лист хартија, поделете го во две колони: во едната напиштете ги своите добри навики, а во другата лошите. Потоа пронајдете добра навика која може да ја замени лошата. Тоа би требало да изгледа вака: Мојата лоша навика е што ги заборавам имињата на новите луѓе кои ги запознавам. Тоа ќе го заменам со добра навика- ќе ги запишувам имињата на новите познаници и деловни партнери. Кога за еден месец повторно ќе ја погледнете оваа листа, ќе бидете изненадени колку сте постигнале.

Ментор
Многу луѓе кои имале ментор велат дека полесно и побрзо стигнале до целта. Менторите многу можат да ви помогнат, пред се, да ви го пренесат своето искуство.

Можности
Успешните трошат онолку колку што можат, не живеат над сопствените можности. Неуспешните трошат повеќе отколку што заработуваат, живеат од плата до плата, се дават во долгови на кредитните картички. Дали можеби се препознавте?

Помнење
Успешните луѓе ги негуваат остварените пријателства и деловни контакти. Тие им помагаат на оние кои ги сакаат и не очекуваат да им биде возвратено. „Најубав звук на Земјата е твоето име“, рекол некој, а успешните луѓе тоа го потврдуваат. Тие ги помнат имињата на новите луѓе во нивниот живот, ги запишуваат. Зарем не сте импресионирани кога некој ќе го запомни вашето име? Зошто не би ги импресионирале и вие другите луѓе исто така?Не му даваат надмоќ на стравот
Секој има свои стравови, па и успешните и богатите. Меѓутоа тие не им се препуштаат. Препознајте ги своите стравови и барајте начини како да ги надминете. Разговарајте со личноста на која и се восхитувате и прашајте ја за нејзините стравови и како ги совладала. Исто така, може да читате и биографии на славни и успешни луѓе.

Одлагање
Успешните луѓе не ги одлагаат своите обврски. Секако, имаат стравови, лоши денови, но тераат понатаму и не дозволуваат тоа да ги парализира.
Исто така не одолговлекуваат и се трудат брзо да ги завршат работите. Разликата помеѓу успешните и неуспешните луѓе е и во тоа што „луѓето на врвот“ со секоја цел имаат и листа на решенија, начини, чекори, како да го остварат планираното.

Фото- Pixabay

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена