Х – Оваа буква носи вибрации на лидери во материјалниот свет, силна дисциплина, храброст, самоувереност, цврсти начела, добра организација. Храброста ја носи борбата за статус. Емотивниот живот им е, најблаго кажано- чуден. Може лесно да се најде во непријатна ситуација од која тешко наоѓа излез, што носи нови непријатели во животот.
Ј – Освен желба за победа, добра организација, оригиналност и упорност, постои доза на несигурност која постојано ги следи луѓето кои на почетокот на името ја имаат оваа буква. Важат за индивидуалисти, имаат добра меморија, способни се и самостојни, често- лидери, моќни, полни со самодоверба, креативност, динамичност и енергија. Живеат чесно и морално.
К – Луѓето со почетна буква К во името, без оглед на добрата инспирација, често пати се премногу нервозни. Важат за миротворци, добри партнери кои носат ведрина во односите. Имаат изразена интуиција, свртени се кон семејството, внимателни, љубезни, нежни, секогаш подготвени да им помогнат на другите, искрени, но и тактични. Влеваат доверба. Многу патуваат и се соочуваат со чести и нагли промени, поради што понекогаш бурно и нервозно реагираат.
Л, Љ – Овие букви носат забавеност без оглед на ведрата нарав и интелигенција. Имаат особини на добри соговорници, со изразена фантазија, љубезност, самодоверба и ентузијазам. Одлично е кога се уметници, актери со многу вкус и разбирање. Сакаат да собираат информации и да ги подучуваат другите.
М – Како почетна буква во името понекогаш носи преголем цинизам. Има вибрации на разумност, смиреност, доверливост, урамнотеженост. Луѓето со оваа буква не заобиколуваат, ја говорат вистината, послушни се, пристојни и одговорни. Овие личности сакаат да патуваат, меѓутоа брзо се заморуваат, па им треба многу одмор.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени