Потребно е:
– 400 г бело брашно
– 200 г путер
– 2 јајца
– 1 лажичка сол
– вода
– 350 г бело сирење
– 350 г сирење фета
– мускатно оревче
– свежа жалфија (или друга ароматична билка )
– 1 јајце
Измешајте ги брашното и солта во еден сад и додајте го путерот. Мешајте се` додека не се соедини, а потоа додајте ги водата и јајцата и месете се` додека смесата не стане мазна. Оставете да отстои еден час во фрижидер.
Измешајте ги сирењата и додајте го мускатното оревче. Загрејте малку путер и додајте ги листовите жалфија. Пржете се` додека не станат крцкави.
Тестото развијте го во дебелина од половина сантиметар, исечете го на квадрати а во средина ставете мешавина од сирење и малку жалфија. Превиткајте го така што ќе добиете триаголник, стиснете ги краевите за да се спојат и премачкајте ги со изматено јајце.
Печете околу 20-25 минути.

