Др. Драган Јованов: Лековити растенија за заштита од „Корона“ вирусот
Корона вирус е нов вирус кој не е многу познат, а зема се поголем замав, шири паника и предизвикува компликации кај заболените, особено кај хронично болните луѓе. Како што не информираше Драган Јованов, доктор по фитомедицина и агроекологија, корона вирусот се вика 2019- nCov или SARS-Co V-2, додека заболувањето кое го предизвикува истиот е наречено COVID-19.
За корона вирусот се знае дека доколку некој се зарази, може да направи тешки инпликации по здравјето а во краен случај може да заврши и со смрт.
Што најчесто се случува во телото при заразеност од корона вирусот? Во повеќето случаеви вирусот почнува и завршува во белите дробови, бидејќи и самиот корона вирус претставува болест на дишните органи. Ваквата зараза се пренесува најчесто при искашлување на луѓето заразени со вирусот.
На почетокот симптомите се слични како и при обична настинка, луѓето имаат грозница и кашлица, но влошувањата резултираат со воспаление на белите дробови.
Всушност, болеста настанува така што корона вирусот за кратко време ги напаѓа белите дробови. Според досегашните светски податоци, 80 % од заразените покажале благи симптоми, додека останатите случаи се тешко заболени и критични.
Исто како SARS, и корона вирусот го напаѓа трепчестиот епител со тоа што вирусот навлегува во респираторниот тракт. Тогаш нашиот имунолошки систем се активира и препознава присуство на вирус. Настанува локализирано воспаление коешто може да стане генерализирано и да дојде до поагресивен одговор на организмот на вирусната инфекција, па нашиот имунолошки систем да одбие да ги уништи сите вируси, вклучувајќи ги и здравите ткива.
Кога ќе влезе во последна фаза настанува разорување на белите дробови која може да доведе и до смртен исход. Доколку луѓето преживеат можни се и трајни оштетувања во организмот.
Во продолжение на текстот Јованов ги опишува лековитите растенија кои можат да се користат како превентивна заштита од корона вирусот. Списокот на растенијата е резултат на неговите досегашни сознанија и секако, истражувањата на македонската современа фитомедицина.
Ехинацеа
Докажано е дека ехинацеата ефикасно делува при акутни инфекции на дишните патишта, вклучувајќи и грип, настинка, грозница, бронхитис, воспаление на белите дробови и др.
Ѓумбир во прав помага за ублажување на стомачни мачнини, благодарение на етеричните масла кои се наоѓаат во неговиот состав. Маслата ги смируваат силните стомачни болки со брзо неутрализирање на желудочните киселини, истовремено ослободувајќи корисни ензими за нормална работа на дигестивниот систем. Делува одлично против воспалителни болести, односно ги ублажува болните симптоми на артритис, грип или полесна настинка. Ѓумбирот во прав ја забрзува циркулацијата и го спречува згрутчувањето на крвта. Позитивно влијае и за опуштање на уморните мускули, после исцрпна физичка активност. Чајот од ѓумбир помага при лекување на болно грло, сува кашлица и ги ублажува симптомите на настинка. Содржи антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од срцев удар.
Црниот ким делува на дишните органи, на урогенталниот систем и системот за варење. Го зајакнува имунитетот, се користи и при бронхитис и хронична кашлица. Црниот ким делува како природен антибиотик, со тоа што можат да го користат и деца и возрасни.
Див лук – сремуш е најдобар природен антибиотик. Се покажа дека неговите состојки се меѓу најдобрите за уништување на бактерии и вируси, за зајакнување на организмот и др.
Еукалиптус
Ова лековито растение е многу корисно во борба против вирусните инфекции. Се користи при инфекции на респираторниот систем.
Маслинка содржи еленолна киселина која спречува создавање на ензими потребни на вирусите за продирање во здравите клетки на организмот. Маслинката е корисна во борба против вирусни инфекции.
Мачкини нокти
Ова лековито растение има способност да ги уништува вирусите и ги ублажува симптомите. Потикнува создавање на лимфоцити, како и јакнење на нивните активности.
Жалфија
Науката докажа дека жалфијата има антибактериско и антигабично дејство, смирува, освежува и закрепнува, помага во борбата против болки и високата температура, може да го намали нивото на глукоза во крвта, што ја чини корисна и за дијабетичарите. Праксата докажала дека одлично ја прочистува крвта и еднакво добро помага при исфрлањето на секрет од организмот. Поволно делува и на циркулацијата, против крварење и воспаленија. Поради силното антисептично дејство, се користи и во лекувањето на афти, непријатниот мирис, проблеми со грлото и крајниците, кариес и проблеми со непцата.
Жалфијата делува против зачестените повраќања и проливот, а подобро од било која друга билка помага во работата на цревата и желудникот. Жалфијата помага и кај работата на бубрезите и спречува појава на едем.
Оригано
Маслото од оригано одлично делува против многу видови бактерии, вируси и габички кои го менуваат обликот и го отежнуваат лекувањето. Агресивните антигабични својства во маслото од оригано спречуваат тврдокорни инфекции како што се кандида, габички на ноктите и темето. Кај кандида – маслото се пие, а кај габички на ноктите се нанесува локално. При појава на габички на кожата на главата се препорачува да се нанесат неколку капки масло при шампонирањето.
Босилок се користи за лекување на многу болести, како на пример дијабет, болести на дишните патишта, импотенција, алергии и неплодност. Тоа се должи на специфичната киселина во него која ја подобрува циркулацијата, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и го олеснува дишењето. Исто така, се користи при воспаленија на желудникот, цревата, кашлица, уринарни инфекции и друго. Најчесто се применува во форма на чај. Други лековити својства кои ги има босилекот се: антибактериско и антиоксидативно делување, зајакнување на имунолошкиот систем, потоа, го штити срцето и крвните садови, помага во борба против инфекции, етеричното масло од босилек се користи за инхалации, при настинки, грип, вирус, синузитис, главоболки, депресија и анксиозност и др.
Рузмарин го стимулира имунолошкиот систем, ја подобрува циркулацијата и ја подобрува дигестијата на храната. Ливчињата од рузмарин содржат одредени фито-хемикалии кои имаат значајна улога во спречувањето на развојот на болестите и одржувањето на доброто здравје. Свежите листови од рузмарин се добар извор на антиоксидантскиот витамин, витамин Ц. Овој витамин е потребен за синтезата на колаген во организмот. Колагенот е главниот структурен протеин кој е неопходен во телото за одржување на интегритетот на крвните садови, кожата, органите и коските.
Редовното конзумирање храна богата со витамин Ц му помага на телото во заштитата од скорбут, создава отпорност на воспалителните агенси (го засилува имунитетот) и помага во собирањето на штетните, воспалителни слободни радикали од телото.
Рузмаринот содржи многу витамин А кој има антиоксидантски својства и е клучен за добриот вид. Исто така е неопходен за одржувањето на здравјето на слузокожата и кожата. Конзумирањето храна богата со витамин А го заштитува организмот од рак на белите дробови и усната празнина. Деловите од растението, особено цветовите, содржат фенолна антиоксидантска рузмаринска киселина, како и бројни есенцијални масла кои го одржуваат здравјето, како што се: цинеол, камфен, борнеол, борнил ацетат, алфа-пинен, итн. Овие соединенија имаат потврден ефект на смирување на иритации, како и антивоспалителни, антиалергиски, антигабични и антисептични својства. Рузмаринот е одличен извор на железо. Железото, со оглед на тоа што е клучна компонента од хемоглобинот, го одредува капацитетот за пренос на кислород во крвта.
Глуварчето го јакне организмот и му помага на телото да се ослободи од отровите и е природен лек за многу заболувања. Се користи и при проблеми со бубрезите, црниот дроб, жолчката, дигестивниот систем, ефикасен е за прочистување на организмот и за подобрување на метаболизмот.
Магарешки трн и тоа- корен, листови, дури и семето од ова растение се корисни. Лекови кои се добиваат од магарешки трн се способни да го нормализираат метаболизмот, да ја подобрат состојбата на крвта, цревната функција, обновување на желудникот и да ја обноват косата.
Ова растение е одлична превенција против одложување на сол и формирање на камења. Екстрактот на магарешки трн е сува мешавина од семето на растението кое содржи стандардизиран процент на активни флавоноиди. За највредните состојки содржани во магарешкиот трн се смета флавоноидниот комплекс, познат накратко како силимарин. Постојат голем број на истражувања каде што научниците гледаат на силимаринот како на супстанција која е потенцијален антиоксидант во хепатоцитите (клетките на црниот дроб) и на тој начин да ги штити од оштетување.
7дена.мк
Коментарите се затворени