Др. Драган Јованов – Фитомедицина за Алцхајмерова болест: Чај и вино во домашни услови
Алцхајмеровата болест е болест на нервниот систем каде доаѓа до оштетување на нервниот систем кој резултира со сенилност. Оваа болест се поврзува со пореметување на метаболизмот –ацетил-холин, невротрансмитерите, супстанците кои се задолжени за нормално функционирање на нервниот систем. Изворот на оваа болест уште не е дефинитивно утврден.
Фитомедицинската терапија нуди неколку билни препарати за подобрување на помнењето. Тие препарати се првенствено превентивна заштита или надополнување на лекувањето за лица постари од 60 години и оние кај кои е инициран почетен стадиум на оваа болест.
Драган Јованов доктор по фитомедицина и агроекологија
*Гинго билоба е секако најпознато лековито растение за подобрување на меморијата. Немојте да конзумирате чај од гинго бидејќи тој практично нема такво терапевтско дејство (потребно е да испиете неколку стотини грама чај од лист гинго за да го постигнете посакуваниот ефект)
Користите стандардизиран екстракт од гинго според упатството, но не повеќе од 250 мг дневно, бидејќи ако претерате со конзумирање може да се јават проливи и раздразливост.
Фитомедицинска мешавина
– 50 гр Рузмарин (Rosmarinus officialis)
– 50 гр Жалфија (Salvia officinalis)
– 50 гр Вероника (Veronika officinalis)
– 10 гр Коприва (Urtica dioica)
Лековитите растенија исушете ги и иситнете ги, потоа од оваа смеса ставите 3 супени лажици во 700 мл зовриена врела вода, потоа поклопите ги така да одстојат 45 мин, процедите и конзумирајте голтка по голтка во текот на целиот ден. Сите наведени лековити растенија содржат антиоксидантни соединенија кој спречуваат пропаѓање на ацетил холинот.
Покрај фитомешавината може да подготвите фито вино:
Во 1 л бело вино додајте 50 г сув лист од рузмарин, 50 гр мајчина душица, 50 гр коприва, 50 гр маточина, 50 гр пискацива (Trigonela foenum-graecum). Потоа затворите го шишето добро промешајте. Шишето треба да го држите на топло и темно место 40 дена. После тоа процедите го и конзумирајте по 2 супени лажици од фитовиното три пати на ден половина час пред оброк.
Во научните студии во последните десетина години се истражуваше делувањето на еден алкалоид-галантамин кој се добива од луковиците на кокиче. Резултатите од овие студии се многу ветувачки, така да ако пронајдете некој препарат кои содржи галантамин, обавезно да го пробате.
Ако имате Алцхајмерова болест пробајте два месеца секојдневно да конзумирате по една шоља чај од Пречица (Lycopodium clavatum). Две супени лажици од пречица прелијте ги со 350 мл зовриена врела вода, потоа оставете така да одстои 35 мин, процедите и конзумирајте пополека голтка по голтка. Пречицата содржи хуперизин состојка која се верува дека го чува ацетил холинот, а со самото тоа ја подобрува моморијата.
Фитоисхрана:
Сите особи кој имаат Алцхајмерва болест треба секојдневно да земаат по 15 гр ленено семе. Можете да го додадете во јогурт или мусли, а можете и да го прелиете со 250 мл топла вода, промешајте, оставете го така 30 мин да одстои и испијте го. Многу е вашно кога конзумирате лененено семе да конзумирате и повеќе вода. Не заборавајте!
Исхраната треба да е богата со намирници, како Омега 3, која ја има во лековитото растение ТУШТ.
Фито исхраната која е добра за мозокот се чили пиперчиња, домати, семки од тиква, брокула, јаткасти плодови, какао, боровинки и др.
Гледајте да е храната од проверен производите, природна храна или органски произведена храна.
Во оваа група на храна со Омега 3 со спаѓаат и (скуша, лосос, туна, сардела и др). Ако имате проблем со меморијата немојте да пропуштате барем три пати неделно во своето мени да ставите и риба. Користете нерафинирано маслиново масло, бел лук и свежи листови од рузмарин или магдонос. Ваков оброк е одличен.
Лукот или дивиот лук се одлични билни лекови за подобрување на циркулацијата во мозкот и зачувување на сите функции на централниот нервен систем. Користете ги при готвење свежи. Ако ви е интензивниот мирис на лук проблем, комбинирајте го со магдоноз или определете се за капсули со екстракт од овие лековити растенија.
Фитоарматерапија:
Есенцијалните масла, можат да помогнат на луѓето кој имаат проблем со меморијата и со алцхајмеровата болест.
Земете
– 20 капки есенцијално масло од рузмарин
– 10 капки есенцијално масло од нане
– 10 капки есенцијално масло од лимон
Измешајте со 100 мл масло од семки од грозје. Добро промешајте и чувајте го во темно стаклено шише со добар завртувач. Со овој фитоарома балзам измасирајте ја главата, па после 1 час измијте ја косата. Есенцијалните масла се високо релативни супстанци кој многу ефикасно продираат кроз кожата, така што овој начин на употреба е многу ефикасен.
7дена.мк
Фото- Pixabay
Коментарите се затворени