6.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Др. Маја Кирјас: Алергија- кои се симптомите и како се лечи?

Во кое време од годината најмногу се појавуваат алергиите? Постои ли годишно време или за алергија не постои важен период?. Оние кои патат од оваа болест, секако дека ги интересира колку е опасна алергијата и дали постои одредена возраст кога се појавува? И секако најважното- како се лечи? На овие најчести прашања од пациентите одговор побаравме од  Примариус специјалист, доктор Маја Кирјас од Клиниката за оториноларингологија, при Клиничкиот центар.

Што претставува алергијата?

-Алергијата може да се дефинира како неправилно функционирање на имунолошкиот систем. Организмот на алергичната индивидуа бурно реагира на некои материи од природното опкружување,кои за здрав организам не се штетни.Таквите материи се нарекуваат алергени. Алергија или преосетливоста на  организмот кон одреден алерген  настанува како реакција на  повторно внесување на антигенот,или повторна средба со антигенот од предходно создадените специфични антитела од страна на имунолошкиот ситем.Алергенот заедно со антителата предизвикуваат ослободување на хемиска супстанца наречена хистамин.

Дали алергијата е наследна?

-Алергијата може да е генетски наследна или ектописка и стекната- во текот на секојдневниот живот по долготраен контакт со секојдневен антиген. Може да биде сезонска или целогодишна. Не секогаш може да биде докажана преку алерголошките тестирања  поради присуството на бројни алергени во природата. Алергените може да се поделат во повеке групи-(контактни хемикали,козметика..), нутритивни (храна , неретко ореви, јајца, риба, млеко, конзерванси, адитиви..), респираторни алергени од внатрешна средина (прашина, мувла, влакна од домашни животни)или од надворешна средина (полен, коров, трева, липа…).

Кои се симптомите?

-Кога чувствителниот организам доага во контакт со алергенот , по неколку минути се јавуваат симптоми на рана алергија. Кога постои респираторна алергија на полен, поленовите зрна доспеваат до кожата, слузницата на окото, назалната или носната слузница, плунката. Ги предизвикуваат следните симптоми-кожа (црвенило,чешање, осип) , очи (црвенило, солзење, чешање на очите), нос ( кијавица, чуство на отежнато дишење на нос, обилна назална секреција, грло и плунка  ( гребење на грло, сува кашлица, отежнато дишење, гушење). Кај потешки случаи  на алергија потребно е ургентно реагирање поради можност  од фатален исход.

Постои ли возрасна граница кога се појавуваат?

-Не постои возрасна граница кога ке се јави алергијата.  Станува збор за зголемен имунолошки одговор на материите со кои сме опкружени , кои може да станат иритирачки , независно од возраста. Алергијата може да биде причина за отежнато дишење на нос, воспаление на синусите, промена во орофарингс (грло)- хиперемични или црвени непчани лаци, гребење на грлото, зголемена ресичка, полипи на гласилки.., но воедно и на развој на бронхиална астма.

Како се лекува?

Фото: kurir.rs

-Лекувањето подразбира -инхалацијата, комбинација на лекување на леукотриени со антихистаминици, кортико терапија (системска и локална) , имунотерапија и  секако подобрување на имунолошкиот одговор на организмот.Мора да се напомене дека клиничката слика и тежината на болеста,како и одговорот на нашиот организам во однос на симтоматската терапија се најбитни критериуми за натамошното лекување,за што неретко е потребен и индивидуален третман.

Зошто се толку чести алергиите?

-На прашање зошто се толку чести алергиите, одговорот е дека станува збор за најмасовна непренослива/незаразна епдемија од која, според новите статистики,  страдаат 5 милиона од популацијата ширум светот. Единствен начин да се заштитиме од алергиите е добриот имунолошки одговор,конзулмирање здрава исхрана , витамин Д и намален стрес.

Весна Миленковска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена