Годината на Стаорец е готова, и сите сакаме што побргу да ја заборавиме 2020-та . И време е да здивнеме, годината на метален Бивол е нешто сосема поинакво, сите знаци ќе се „преродат“, ќе имаат убави и плодни периоди: времето на преиспитување и собирање сила е зад нас, време е за акција.
Луѓето родени во годината на Биволот се љубезни, претпазливи и умни. Се смета дека се повлечени и не сакаат да се во центарот на вниманието. Еве што вели кинескиот хороскоп за 2021 година.
СТАОРЕЦ (1912, 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)
Ве очекува успешна година. Она што ве загрижуваше во минатото најпосле ќе исчезне и ќе имате можност да застанете со двете нозе цврсто на земјата. Сепак, задржете ги реалните очекувања и умерените апетити. Некои ќе бидат во потрага по партнер со потемпераментен дух. Самиот факт што припадниците на овој знак решиле да побараат партнер не значи дека веднаш ќе се согласат на она што им се нуди. На деловен план не ве очекуваат некои поголеми промени.
БИВОЛ (1913, 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)
Пред вас е одлична година. Ќе имате среќа практично во се`, почнувајќи со помалите работи, соништа и желби. Ако очекувате љубов, полн паричник и здравје за своето семејство, и тоа ќе се случи. Меѓутоа, ако сакате нешто да добиете, ќе треба и да преземете нешто, а не само да седите со скрстени раце. Самците најпосле ќе сретнат некого со кого ќе ја откријат магијата на заедничкиот живот. Паровите ќе се одлучат на проширување на семејството или за промена на местото на живеење.
ТИГАР (1914, 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)
Многу Тигри оваа година ќе се фокусираат само на она што ги интересира, а тоа е добрата забава, модата и сопственото здравје. Во последните години сте штедливи, а оваа година ќе заработите повеќе пари. Сепак, иако радо би си купиле нешто луксузно, тоа не е мудар потег. Направете список со приоритети и трошете по тој редослед. Во 2021 година некои од вас ќе ја покажат и својата посесивна страна и ќе се обидат да ги контролираат партнерите.
ЗАЈАК (1915, 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)
Ова е година на промени и предизвици. 2021 ќе ви донесе стабилност и силни оптимистички чувства. Ќе бидете отворени за љубов. Вербата во иднината и финансискиот просперитет ќе ви го оттргнат фокусот кон романтичната страна на животот. Во наредниот период нема да бидете многу заинтересирани за работата, но затоа ќе имате многу можности да напредувате во кариерата. Потребно е само малку да се сконцентрирате и да сте активни, бидејќи се`ќе ви оди од рака.
ЗМЕЈ (1916, 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)
Завземање реален став, сталожен, без примеси на песимизам и оптимизам, ќе ви помогне во 2021 година да постигнете успех. Оваа година, како ниедна претходно, ќе биде добра за ризични инвестирања. Секако, мора да имате план и добро да се пресметате, иако ѕвездите ви се наклонети. Годинава се` ќе ви оди од рака и во стил на максимата: максимален резултат со минимален труд. Ако не сте во емотивна врска, ќе ја минете годината барајќи љубов, а тоа ќе потрае малку подолго отколку што би сакале.
ЗМИЈА (1917, 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)
Годината ќе биде многу успешна за оние што имаат приватен бизнис. Змиите во 2021 година ќе мора да вложат многу време и пари во физичкиот изглед и сопствениот развој. Стресот, исто така, е проблем кој мора да го ставите под контрола. Во љубовниот живот би требало почесто да ги покажувате сопствените чувства. Мора некогаш и да ризикувате кога се емоциите во прашање. Оние што имаат долгогодишни партнери или се во брак, ќе можат да уживаат во хармоничен живот.
КОЊ (1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)
Годинава интуицијата на многу Коњи ќе им помогне да ги направат вистинските чекори, пред се на деловен план. Ќе успеете безнадежните проекти да ги претворите во профитабилни работи и да заработите дополнителни поени кај претпоставените. Ризикувајте, бидејќи ќе ви се исплати. Големата енергија може да ве доведе во искушение да потрошите повеќе отколку што можете да си дозволите. На љубовен план ве чека стагнација. Не е време за големи промени.
МАЈМУН (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004)
Ќе се најдете на животна раскрсница, но немојте да се плашите. Ќе ви бидат понудени разни примамливи опции, а на вас е да ја изберете најдобрата. Бидете подготвени и трпеливи. Мајмуните ќе бидат особено чувствителни на атмосферата околу себе. Љубовта ќе ги најде осамените. Немојте да заборавите на здравиот ум и објективност. Ако се премислувате околу работата, верувајќи дека заслужувате подобар статус или плата – внимавајте да не се прецените и паднете на глава.
ПЕТЕЛ (1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005)
Добрите работи ќе преовладуваат во животот на родените во знакот на Петел. Меѓутоа, не очекувајте парите да ви паднат од небо. Вашиот адут е способноста со која ќе ги победите своите противници, со ентузијазам и бескрајна активност. Ќе привлекувате внимание со иницијативи и иновативни идеи. Професионално ќе бидете успешни, но нема да забележите никакво значајно поместување на полето на финансиите. Не вложувајте во ризични проекти.
КУЧЕ (1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006)
Кога е работата во прашање, 2021 година за повеќето ќе биде мирна и без поголеми возбудувања. Највозбудливо ќе биде на љубовен план, така што малку ќе се грижите за работата. Ќе се чувствувате сигурни на позицијата на која се наоѓате, па нема да трагате по друга. Љубовта ќе биде вашиот приоритет. Ќе сфатите дека работата никогаш не може да ја замени топлината на домот. Многумина од вас ќе одбијат ветувачки понуди само за да бидат повеќе со своите сакани. Ако сте сами, тргнете во лов на среќа и љубов, ве чека успех.
СВИЊА (1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007)
Свињата конечно ќе ги остави сиромаштијата и невработеноста зад себе. Периодот што доаѓа ќе биде успешен и се` што ќе работите речиси со сигурност ќе има позитивен резултат. Немојте да се плашите од нови проекти и непознати ситуации зашто ве очекува и финансиска добивка. Лесно ќе се вљубувате, а уште полесно ќе ги прекинувате своите врски. Кога е здравјето во прашање, ќе биде променливо, но без поголеми проблеми.
КОЗА (1919, 1931,1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003)
Ќе бидете полни со неисцрпна енергија, но за жал, нема да имате амбициозни цели на кои ќе можете да го примените својот талент. Затоа, не тргнувајте во премногу ризични проекти. Љубовните односи годинава нема да бидат преполни со емоции и впечатоци, туку ќе се здодевни и предвидливи. Фокусирајте се на нешто друго, но не се откажувајте од љубовниот живот. Оваа година ќе бидете многу среќни и успешни на полето на финансии.
7дена.мк
Фото: Pixabay
Коментарите се затворени