10.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Евтини а здрави

Овошјето од нашето поднебје, јаболкото не штити од отровите и ни го продолжува животот. Не ги потценувајте, јаболките се вистинскиот избор за вас.
Јаболкото ги содржи сите витамини што му се потребни на човековиот организам – каротеноиди, флавоноиди и изофлавоноиди што го регулираат воспалителниот процес во организмот, го подобруваат имунитетот и го штитат организмот.
Исто така, јаболкото влијае врз подобрувањето на капацитетот на белите дробови, а некои истражувања докажуваат дека јаболкото го спречува и развивањето на астма. Едно јаболко дневно го штити срцето и го намалува ризикот за појава на рак.
Калиумот во јаболкото се грижи за рамнотежата на течностите во организмот, а со тоа станува и важен дел во менито на оние што имаат проблеми со бубрезите. Најмногу калиум има во јаболковиот оцет, кој се добива со вриење на јаболката или на јаболковиот сок. Калиумот има способност да се врзува со други корисни минерали, како што се фосфорот, магнезиумот, калциумот, железото и други.
Јаболковата киселина, пак, го намалува холестеролот во крвта и полека го разградува, смирувајќи го нивото на шеќерот. Важно е да се напомене дека во едно јаболко има 68 милиграми витамин Ц, 60 отсто фруктоза, 25 отсто гликоза и 15 отсто шеќер. Фруктозата е моносахарид што ја задоволува потребата за шеќер во организмот, а не ја менува концентрацијата на гликоза во крвта.
Токму поради тоа јаболкото е вистинско овошје за здраво слабеење.
Фото-Pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена