Егзотична боранија
Потребно е: 400 г боранија
1 супена лажица пржен сусам
1 лажица балсамико
1 лажица рендан ѓумбир
3-4 чешниња лук
1 кафена лажичка соја-сос
половина лажица масло од сусам
маслиново масло
Исчистената боранија обарете ја во солена вода и ставете ја на салфетка да се исцеди. Изренданиот ѓумбир и истолчениот лук, соја-сосот, балсамико и маслото од сусам измешајте во шише за дресинг. Просушената боранија може да ја наредите во сад, полијте со дресингот и сипете пржен сусам. Вака подготвената боранија може да ја служите како прилог со месо или риба.
Коментарите се затворени