6.8 C
Skopje
вторник, октомври 28, 2025
spot_img

Единствен Spinning® центар – поинаква спортска приказна

 

Спорт Инн е единствен Spinning® центар во Македонија дизајниран да биде основата на која ќе ја изградите посакуваната форма и физичка подготвеност. Тие нудат spinning® програма која е прилагодлива за сите, кои е дизајнирана според сертифицирани Spinning® тренери кои ќе ве водат, мотивираат и забавуваат кон посакуваните резултати.

„Членската база во Спорт Инн е крајно разновидна, почнувајќи од оние кои за прв пат се среќаваат со тренажен процес, до професионални спортисти кои се подготвуваат за спортски настан и имаат специфични барања за тренинг и програма. Без разлика која е вашата причина и ниво, Спорт Инн е местото каде што може заедно да ја започнеме вашата спортска приказна и место кое ќе го чувствувате како дом,“ изјави Искра Бојаџиева Китанчева од Спорт Инн.

Spinning® програмата е микс од наука и единствено искуство и користи систем од 5 различни Energy Zones™ – зони на срцев пулс како водич за “периодизација”. Еден Spinning® час просечно трае 50 минути.

Во Центарот се грижат за условите и комплетната удобност на членовите за време на тренинзите.

„При креирање на просторот внимававме на сите детали во Спорт Инн, од врвната климатизација и вентилација од AIRCON до специјалниот спортски под кој е антибактериски и дизајниран да понуди до 45%-тно ублажување и амортзација на ударите, минимализирање на напрегнатоста и намалување на можноста за повреди од триење при евентуален пад.“ додава Виктор Бојаџиев.

Spinning® е една од тајните на светските фитнес топ модели како Emily Di Donato моделот на Sports Illustrated, или девојките од Victoria’s Secret.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена