Првите десет години популарното Етно село Тимчевски ги положи со -десетка! Вчера, во преубавиот комплекс Тимчевски, во присуство на гости, соработници, во свечена, на моменти- емотивна атмосфера, се одбележа празникот на Етно село Тимчевски: се доделија награди и благодарници за драги и важни луѓе, за сите што се вложиле, оставиле трага и свој белег во ресторанот.
„Празник, делник, мојот втор дом е токму Етно село Тимчевски- Адријана Алачки со своето обраќање ги разнежи сите гости.
Со добра музика и во исто такво расположение, со превкусна трпеза, до доцна во ноќта се славеше роденденот на Етно село Тимчевски.
Инаку, секој ресторан, исто како и луѓето, има душа. Трепери, чека, тагува, па се радува, неретко сака да излезета од гради… Така е и со Етно Село Тимчевски: сите што биле и се нивни гости, знаат колкаво е срцето на овој објект- се мери со километри, и така, ден по година, се собраа километража и искуство, што во траење изнесува – 10 ГОДИНИ.
Само насмеан човек може да има кафеана- Горан Тимчевски
Јубилејот навистина е испишан со златни букви.
Но, сите ненапишани страници, спомени што не се гледаат ама – и не се бришат, остануваат засекогаш во срцето на ЕТНО СЕЛО ТИМЧЕВСКИ.
Браво Тимчевски, да ви се множат јубилеите!
Коментарите се затворени