10.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Женска доминација. Подобро е да си „девојче на тато“ отколку „мајкин син“

1. Да се биде „татино девојче“ не е ни оддалеку толку лошо како да се биде „мајкин син“.
2. Жените можат да се гушкаат со пријателките, а околината да не се посомнева во нивната сексуална ориентација.
3. Жените живеат подолго.
4.Можат да носат високи потпетици кога сакаат да изгледаат секси.
5. Имаат поголема толеранција на болка.
6. Тие се „поубавиот пол“, а со добра пудра, кармин и маскара, можат да изгледаат совршено.
7. Жените први се спасуваат од бродовите што тонат.
8. Жените можат да ги исплашат шефовите со набројување на гинеколошки проблеми кои не ги разбираат.
9. Жените можат да прашаат за насока, а да не се чувствуваат неспособно поради тоа. Да не правиме муабет дека расипаниот автомобил на жена- насред автопат, за многумина мажи е предизвик и лична промоција.
10. Кај жените желбата за секс се засилува со стареењето.
11. Жената што плаче околината ќе ја доживее како емотивна, а мажот како слабак.
12. Ниските жени се „џепни Венери“, а ниските мажи – џуџиња.
13. Од жените не се очекува да знаат да поправат се.
14. Имаат подобри комуникациски вештини.


15. Ако имаат големи уши, на жените им е полесно да ги покријат.
16. За да зборуваат искрено за своите чувства, жените не мора да се напијат.
17. Сигурно знаат дека детето е нивно и без ДНК-тест.
18. Способни се истовремено да пеглаат, да телефонираат и да гледаат телевизија.
19. Знаат како успешно да прикријат мозолче.
20. Нов кармин може да им го разубави денот на жените.
21. Жените созреваат порано од мажите, додека „некои“ мажи никогаш не созреваат.
22. Не мора да се грижат дали ќе „зафатат нешто“ со патентот.
23. Знаат каква катарза донесува плачењето.
24. Жените не страдаат од комплекси за величината на половиот орган.
25.Не мора да го вовлекуваат стомакот, затоа што постои мидер и соодветно здолниште.

7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена