Стилот на Моника Белучи наликува на неа – женствен е, префинет и сексуало привлечен. Таа е беспрекорна, секогаш и секаде и изгледа неверојатно природно. Да, Моника има 54 години.
Мажите ја сакаат, жените ѝ се восхитуваат. Нејзината убавина е со космички димензии – секој делче од нејзиното тело зрачи со уникатен сексапил. Ако таква жена има лош стил, тоа би бил вистински моден криминал. Но, не постои таква опасност.
Таа дефинитивно не е манекенски тип и нејзината облека не виси како на закачалка.
Прекрасната Моника секогаш ја почитува облеката што ја прати линијата на нејзиното тело – ги истакнува предностите и ги крие недостатоците.
Со годините Моника Белучи остана верна на својата природа и на нејзината убавина. Има брчки, и да, убаво и прилегаат.
На официјални настани дрес кодот и е совршен – долги дизајнерски фустани (во класично црна, огнено црвена, страсно виолетова, во боја на нежна лаванда) и ѓердан со скапоцени камења (претежно дијаманти).
Моника Белучи покажува колку женствена може да изгледа дури и во строг костум со панталони, а во секојдневие демонстрира младешка верзија во фармерки и спортска блуза.
ФОТО- Matt Baron/ BEI., ZIMBO,Celebvegvs ,Lipstick Alley, Fansshare