10.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

За да го изнервирате бившиот, облечете го „фустанот за одмазда“ на принцезата Дајана

На журката на списанието „Венити фер“ во 1994 година принцезата Дајана требало да се појави во класичен елегантен фустан  на „Валентино“. Но, таа од лимузината излегла во кус црн фустан со голи раменици и длабоко деколте, кое ги прекрши сите кралски правила.  Причината за замена на фустанот била што тогаш принцот Чарлс престанал да ја негира својата афера со Камила, јавно ја признаа врската. Принцезата, облекувајќи го фустанот,  одлучила да покаже дека е весела и  дека се чувствува добро. Од тогаш овој фустан се нарекува „фустан за одмазда“.

Не само тоа, Дајана на вратот ставила бисерен ѓердан  со голем сафир. Ова е уште една одмазда кон Чарлс бидејќи тој ѓердан и го подарил на денот на нивната венчавка.

Дајана и Чарлс се венчаа во 1981 година а се разведоа во 1996 година. Само една година подоцна таа загина во сообраќајна незгода.

Извор и фото: jenata.blitz.bg

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена