За мажите. Ова мора да го знаете ако сте на диета
Мажите обично јадат лошо: внесуваат малку овошје и зеленчук, многу често не внимаваат на алкохолот и цигарите, потоа- големи гурмани се, обожаваат сосови, пржена храна и мрсни јадења.
Но.
Ако мажот реши да ослаби, по правило лесно успева во тоа. Не затоа што е порешителен и помалку склон на лекување на стресот со храната, туку затоа што кај нив стомакот полесно исчезнува. Ова се правилата што треба да ги знаат доколку се на диета.
– Диетата не смее да биде престрога, зашто би било тешко да се спроведе и би била контрапродуктивна. Ако ослабнете експресно, уште побрзо и ќе ги вратите килограмите, што е уште потешко- за следната диета.
– Диетата за мажите треба да биде приспособена на неговите енергетски потреби, кои се поголеми отколку кај жените: дури и до 2.700 калории на ден, за разлика од (најмногу) 2.000 калории, колку што им се потребно на жените. Треба да се намали количеството на јаглехидрати (првенствено во лебот и слатките), маснотии и млечни приозводи. Треба да се јаде многу овошје, зеленчук и влакна.
– Тестенината треба се јаде за ручек, зашто шеќерите полесно се трошат во текот на другиот дел на денот.
– За вечера не јадете месо, риба, јајца: белковините потешко согоруваат во текот на спиењето.
– За да се ублажи чувството на глад, што може да се јави кога ненадејно ќе се премине на нискокалорична исхрана, добро е оброкот да започне со голема чинија салата: богата е со вода и влакна, кои создаваат чувство на ситост.
*Внимавајте на пушењето и на алкохолот
– Различните истражувања покажале дека страсните пушачи имаат поголем стомак од бившите пушачи и непушачи.
– Ако сакате вино, не заборавајте дека алкохолот предизвикува поголем умор на мускулите и во текот на еден подолг период се зголемува црниот дроб и значително се проширува и стомакот.
Безопасни дози?
Две-три чаши на ден. Пивото и алкохолните пијалаци носат празни калории, кои не создаваат чувство на ситост и не хранат.
Количество?
Две чаши пиво на ден, а жесток алкохол – помалку.
Коментарите се затворени