4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

За првпат, Фестивал на југоисточен регион во Богданци

Утре (сабота, 28 октомври) во Богданци, во Градскиот парк, во организација на Еко Росалес Богданци, ќе се случува настан, неговото прво издание наречено – Фестивал на југоисточен регион, што има за цел да ги промовра локалните и традиционалните еко производи. Настанот почнува во 11 и ќе трае се до 16 часот, а освен производителите, околу 20-тина штанда, за убаво расположение ќе има и многу гости: планирано е да настапат Пејачка пензионерска група, ученици од ООУ „Петар Мусев“, студио за танци Свит Денс, трио Форте, ЗКУД „Бранд Петрушев“ и многу други.

Како што ни кажаа организаторките на настанот Александра Картелова и Елена Петкова, целта на настанот е да се вкусат автентични производи, да се слушнат приказните на производители, да се разменат рецепти и искуства и да се подржаат главните постулати на Слоу фуд, за добра, чиста и правична храна.
Подржувачи на овој интересен настан се Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Слоу фуд Македонија и Општина Богданци.
На фестивалот ќе се пробуваат слатка од диви смокви, со кои изобилува овој регион, но и производи од тартуфи, слатка од капини, џем од шипинки, ракии, мед, оцет од диви јаболки, производи од лешник.., што значи дека на своите слоу фуд колеги од Богданци ќе се придружат и производители од Слоу Фуд Водно, Слоу Фуд Осогово, Слоу фуд Охрид… Дојдете во Богданци на вистински гурмански празник!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена