Потребно е: 500 г прокељ, 150 мл кисела павлака, 100 г моркови, 2 чешниња лук, 50 г путер, 50 г бадеми, сол и црн пипер.
Измијте го и исчистете го прокељот, по желба оставете ги цели главиците или исечете ги на половина. Во сад за готвење ставете путер и неколку секунди пропржете ги бадемите, да добијат златна нијанса.
Додадете малку сол и црн пипер, и ставете ги во чинија за салата. Во ист или поголем сад на умерена температура стопете го остатокот од путерот, па ставете го прокељот и ситно исечканиот лук. Посолете и додадете црн пипер и со постојано мешање динстајте околу 10 минути. Ставете ја киселата павлака и почекајте да проврие, па намалете ја температурата и оставете да врие во поклопен сад 10 минути, со повремено мешање.
Кога прокељот доволно ќе омекне, додадете го изренданиот морков и се заедно добро промешајте.

