Миленикот на сите генерации, Здравко Чолиќ, пред концертот во Скопје, си има неколку ритуали, а најважните се – гимнастика на Водно и добра храна во Light jazz club ресторанот.
Всушност, Здравко и не е некој „јадач“, јаде малку но квалитетно и токму затоа изборот е овој префинет локал. И како што тоа најчесто се случува, Чолиќ си остана доследен на себеси, и јадеше сезонска салата и свежа морска риба и сето тоа го зали со чаша македонско бело вино.
А покрај пријатната атмосвера, домаќините беа екстра гостопримливи- од Атељето „Алекстра“ Чолиќ доби машка бројаница од полускапоцениот камен ахат. Дружењето беше пријатно а Чола супер гостин.