Зелка за проширени вени
Зелката е исклучително богата со минерали, содржи калиум и калциум, потоа железо, магнезиум, витамин Ц- во истата доза како што го има во лимонот и портокалот.
Во исхраната е најдобро да се користи свежа, зашто со готвењето ги губи своите највредни својства.
Лековити својства на зелката: лекува чир на желудник (процедена како сок), како и чир на дванаестопалачното црево. Лекува хроничен затвор, го зајакнува одбранбениот механизам на организмот, лекува реума, малокрвност, артритис, проширени вени, има антисептично дејство. Доколку имате проширени вени, ставајте листови од зелка на нога, превиткајте го делот каде вените се забележливи и така неколку дена, по неколку часа. Ќе забележите разлика.
Многу делотворни се облоги од загреани листови зелка против главоболка, ишијас, рани, чиреви, воспаленија, изгореници, ревми, убоди од инсекти. Се користи и како превентива за недостаток на киселина во желудникот, како и за зајакнување на слухот.
Коментарите се затворени