10.8 C
Skopje
понеделник, април 14, 2025
spot_img

Зодијак и социјалните мрежи: Лавови- „социјални пеперутки“ а Јарци манипулатори што оставаат впечатоци

Како се однесуваат зодијачките знаци на ФБ, Инстаграм и на останатите социјални мрежи? Кој е најактивен а кој прави намногу селфија? Прочитајте во продолжение.
Овен
Претставниците на овој знак се активни на социјалните мрежи- се сликаат, но во споредба со другите, најчесто ги фотошопираат своите фотографии. Ги покажуваат местата што ги посетиле, и бидејќи сакаат да се натпреваруваат се обидуваат први да стават фотографија од некоја актуелна забава. Кога е во прашање самодовербата, Овните се натпреваруваат со Лавовите.
Бик
Тие објавуваат слики од луксузни предмети што ги поседуваат или би сакале да ги имаат. Исто како Овните, и тие посетуваат „извикани“ забави, на кои не пропуштаат да се сликаат а потоа ги споделуваат по социјалните мрежи. Биковите се активни и нивните статуси имаат за цел да предизвикаат реакции од пријателите.
Близнаци
Близнаците се експлозија од емоциии и многу се активни на социјалните мрежи. Не е важно дали претставник на овој знак е среќен, заљубен или тажен, тој секогаш ќе користи имагинација, за да ги сподели своите чувства на ФБ, Инстаграм … На моменти Близнаците ја претставуваат лажната реалност за себе. Според статусите и фотографиите, излегува дека имаат совршен живот, но работите не се толку беспрекорни.
Рак
Претставниците на овој знак имаат многу дилеми околу своите емоции, и околу пораките на социјалните мрежи. Имаат тенденција во еден ден да покажат и добро и лошо расположение, како што ги водат емоциите. Претставниците на овој знак сакаат да бидат позитивно оценети и секогаш наоѓаат начин да парадираат пред другите.


Лав
Лавовите се стопроцентни „социјални пеперутки“. Секогаш објавуваат многу слики и на сите стопроцентно позираат. Претставниците на овој знак прават најмногу селфија во споредба со другите хороскопски знаци. Знаат како да се однесуваат на социјалните мрежи и настојуваат да го зачуваат својот позитивен имиџ пред другите. Знаат кое време носи најмногу лајкови, и затоа внимаваат кога постираат слики,
Девица
Луѓето родени под знакот Девица се познати како перфекционисти, а тоа темелно се одразува врз статусите и публикациите што ги ставаат. Девица секогаш се стреми да се покаже во најдобро светло – тие се најпривлечни, се` знаат и се` можат, па често стануваат напорни за пријателите. Освен тоа, коментираат кај сите, најчесто имаат критички став или состојбите ги нарекуваат- веќе видени.
Терезија
Ако некој ваш пријател постојано објавува фотографии од него и од саканата, тоа сигурно е Терезија. Но и кога се осамени и немаат некој близок до себе, тие не престануваат да споделуваат слики и цитати за љубовта и за разделбата. Иако сакаат сите да разберат дали се во врска или не, тие ги користат сите можни функции и филтри на социјалните мрежи, со кои ја контролираат видливоста на другите позиции.
Скорпија
Ако не се обземени од своите должности, Скорпиите по социјалните мрежи се натпреваруваат со другите. Без разлика дали ќе објават слики, цитати или материјал со сериозна содржина, тие се стремат да соберат најмногу лајкови и коментари. Патем, најомилена им е „шпијунажа“ по туѓите профили.
Стрелец
Стрелците споделуваат многу видеа по социјалните мрежи. Секогаш се забавни и носат убаво расположение кај своите пријатели шерувајќи смешни фотографии, клипчиња и афоризми. Она што го објавуваат е одраз не само на расположение туку и на нивната суштина.
Јарец
Тие се премногу опседнати со својот изглед. Затоа кога прават слики, се сликаат не само за спомен туку и за да им се восхитуваат другите. Долго време избираат најсоодветна слика, која според нив ќе собере и најмногу лајкови. Познати се како манипулатори и самобендисани, што се гледа по статусите што ги делат.
Водолија
Луѓето Водолии ќе објават се` што сакаат, без разлика дали тоа ќе им донесе негативни коментари. Водолија е приказна сама за себе, некогаш надвор од времето и настаните, многу често деконцентрирана, па никогаш не ви е јасно во каква состојба ги пишува статусите. Во секој случај, предадени се на иднината и на пријателите.
Риби
Претставниците на знакот Риби се креативни личности и често имаат можност да посетуваат значајни социјални настани. Бидете сигурни дека тие ќе ја делат со вас секоја своја изјава, победа, достигнување, а некаде помеѓу нив ќе прошараат и со инспиративни цитати. И се разбира нивната духовна страна, најчесто доминира во се.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена