Зодијачки фобии во времето на корона. Изолацијата не е за Овен, Девица, Стрелец и Скорпија
Овен
Страв од седење на едно место
Треба да им се признае на Овните, иако се напорни, егоцентрични и иритирачки, имаат и позитивни карактеристики. Тие се бестрашни и секогаш подготвени да се фрлат во турбулентните животни бранови или во оган. Најмногу од се мразат нерешителни луѓе и неработници, и за нив работа со таков човек е еднаква на казната на Прометеј – да се врзани за карпа а орлите да им јадат од црниот дроб. Идејата да седат и да чекаат „да падне таванот“, навистина ги ужаснува. Затоа Овните се најмногу склони да развиваат катисофобија – страв од стоење на едно место.
Бик
Страв од промени – тропофобија
За разлика од Овен, Бик нема ништо против да си седи и да чека да падне таванот. Тој е убеден дека работата не е зајак па да избега. Страв да не направат некое непотребно движење е изговор на мрзливите, да не мрднат со прст и тоа се нарекува кинезофобија.
Поради конзервативизмот тие се често погодени од стравот од промена – тропофобија. Биковите мразат да менуваат вработување, живеалиште, град, училиште, што и да е. Еден од симптомите на страдалниците од тропофобија е дека се вонредно тврдоглави.
Близнаци
Десидофобија – страв од донесување одлуки
Близнаците, како хипер активни, подвижни и комуникативни луѓе се склони кон секакви фобии, вклучувајќи ја и арахнофобија (страв од пајаци), орнитофобија (страв од птици) или дури анатидефобија (страв од поплави). Но „нивната вистинска земја“, длабоко кодирана во поставеноста на планетите е десидофобија, страв од донесување одлуки. Проблемот не е во тоа што се колебаат дали да кажат- да, или- не, туку во фактот дека откако ќе кажат, ќе треба да ја преземат одговорноста за тоа.
Рак
Ануптафобија – страв да не останат без партнер
Тие имаат врска со водата која им зборува а ѕвездите им ги доверуваат своите тајни. Не, немаат шизофренија. Барем не сите.
Раковите живеат природен живот, замислувајќи ја страшната судбина како бескрајна пустош во која скитаат сами, напуштени и тешко болни. Агорафобијата, или стравот од отворени простори, кореспондира со вечното пребарување на комфорот на душата на Ракот. Д-р Рак, лечител е подложен и кон акутни напади на хипохондрија. Но, најопасно е да не се развие ануптафобија – ужас дека ќе останат без партнер.
Лав
Атикифобија – страв од неуспех
Најстрашно за еден заљубен во себе Лав не е омразата туку недостатокот на внимание. Ако одлучите да сте злобни со Лавот, игнорирајте го систематски, се додека не се развие Athazagoraphobia – страв да биде незабележан или да го заборават.
Од „нормалните“ човечки фобии – од кокошки, мачки, светлина, висина, вода и слично, Лавот ретко страда, бидејќи исто како Овен е сосема бестрашен. Неговиот единствен проблем е да не пропадне. Ако се продлабочи, овој страв од психијатрот ќе биде наречен- атикифобија или страв од неуспех.
Девица
Нивното не е фобија
Девицата нема една туку цел сет фобии – атаксофобија (од безредие), бацилофобија (од бацили), бактериофобија (од бактерии), аутомизофобија (страв да не се извалкаат), ателофобија (од несовршенството), атикифобија (од неуспех). Прецизната душа на Девица живее во тивок ужас дека ја губи битката со светскиот хаос и дека околу неа никогаш нема да е доволно чисто, ниту нејзиниот дом ќе наликува на аптека. За жал, тоа дури и не може да биде наречено „фобија“ во смисла на „ирационален страв“. Paraskavedekatriaphobia е еден од зборовите кои секоја 13-та Девица го знае. Таа значи – страв од петок 13-ти.
Терезија
Аутофобија – страв од осаменоста
Знакот на партнерството, на благиот збор и насмевката се плаши најмногу од тоа што другарите можат да му се налутат и „да го шутнат“. Претставата дека седи осамен во локвата на животот, го фрла во длабока депресија, а во некои случаи предизвикува ужас, забрзано чукање на срце, ладна пот и други симптоми на ирационалниот страв, дека неизбежно ќе остане осамен (аутофобија) и изолиран од светот (изолофобија). Другите нивни грижи се да не станат грди и тогаш го развиваат стравот од грдотија – какофобија, и да не полудат – дементофобија.
Скорпија
Страв од потсмев – катагелофобија
Од торбата со мании, добриот Дедо Господ извадил дарежлив грст и со него наросил по Скорпиите. Тие се опсесивно контролирани типови кои не можат да ја поднесат мислата дека некој од пријателите може да чувствува површен интерес кон друг човек или животно. Скорпиите се плашат најмногу од потсмев (катагелофобија). Можно е дека деновиве доживуваат ужас од болници – Nosocomephobia, што и не е ирационален страв.
Стрелец
Страв од одговорност
Што е најважно за еден Стрелец? Неговата слобода. Тие се деца на природата, ѕверчиња кои не можат да се припитомат. И смртно се плашат да не ја изгубат привилегијата да останат такви. Затоа една од типичните за нив фобии е поврзана со обид да им се припише одговорност – хипенгиофобија (страв од одговорност). Типична за нив е и клаустрофобија, стравот од затворени простори е поврзан со тоа што душата на Стрелец има потреба од простор. Поврзан со неспособноста да се движи слободно и да пропадне заглавен во толпата – охлофобија, е уште една од неговите фобии.
Јарец
Агорафобија и акрофобија
Самобендисани, дисциплинирани и интроспективни, ја сакаат удобноста на домот, кој им делува како противотров за проблемите и неприликите на секојдневниот живот, како и за незадоволство од неисполнета амбиции. Но, кај нив во се има математика, и затоа се најголеми манипулатори во Зодијакот.
Заболуваат од агорафобија (страв од големи, отворени простори) и акрофобија (од висина и летање). Рационалната природа понекогаш ги поттикнува во погрешна насока и тие добиваат напади на филофобија (стаписани од помислата дека можат да се вљубат).
Водолија
Страв од брак
Ако некој се сомневаше дека токму тие ќе имаат тенденција кон најчудните фобии, еве ги: Водолија страда од Didaskaleinophobia (не сакаат да одат на училиште), ергофобија (на работа) и Gamophobia (да се женат). Интелектуалната аверзија кон институциите може да се префрли на поглаварот на Римокатоличката црква, особено ако се католици. Во таков случај се разболуваат од папафобија што природно значи дека ги фаќа страв од папата. А тој оди рака под рака со телеофобија -ужас од религиозни церемонии, вклучувајќи го и кадењето на темјан.
Риби
Страв од јавен настап
Рибите се навикнати да пливаат во длабоките води на човечките емоции. Тие се високо интуитивни и се им е јасно, но тешко им е да го наметнат своето. Преферираат истото да го протуркаат по други, помалку директни патишта. И така, Рибите стануваат особено загрижени кога треба да се конфронтираат или да ја заштитат позицијата или тезата. Тоа е глософобија -страв од јавно говорење пред луѓе. Бидејќи кај рибите нештата се секогаш- помеѓу, често се плашат од донесување одлуки -Decidophobia.
Коментарите се затворени