Идеален зодијачки спорт. За Овнови- џудо, за Риби, медитација
Овен
Поради својата природа, најдобро се снаоѓате во борбените спортови бидејќи преку нив ја канализирате својата борбена енергија. Не е битно кој спорт ќе го одберете – џудо, бокс или нешто трето, важно е да ги одмерите силите со противникот.
Бик
Вие не сте за скапи спортови ниту за оние во кои треба да се вложува многу енергија. Задоволни сте и со возење велосипед, колку е поголема километражата, толку сте посреќни. Но, само до првите знаци на замор.
Близнаци
Најдобар избор за вас е вежбањето во групи. И главната цел е да не сте сами. Инаку, обожавате играње со топка, и затоа кошарката и фудбалот се вашиот вистински избор.
Рак
Не се занимавате често со спорт, но ако морате да вежбате, избирате спортови во вода. Тоа е идеална околина за вас, едноставно, среќни сте додека пливате.
Лав
Кога нема публика, не сакате ниту со прст да мрднете. Трчањето за вас е идеален спорт, уживате во јавање, а и покрај тоа што звучи неверојатно, одлично би се снашле и во зимските спортови.
Девица
Многу сте штедливи и тоа е вашиот главен патоказ во животот. Поради тоа не е ни чудо што омилениот спорт ви е пешачење. Ве опушта и не бара од вас дополнителни активности.
Терезија
Поради своите естетски барања, сакате спорт во кој е нагласено усогласувањето на движењата, како што се скијањето и танцувањето а немате ништо ниту против тенисот. Немојте ниту случајно да почнете да се занимавате со борачки вештини, од тоа паѓате во несвест.
Скорпија
Иако не сте голем љубител на спортот ќе вежбате се` додека можете. Идеални ви се водните спортови, како оние на море, езеро, диви води…
Стрелец
При одбирањето на спортот, сакате да постои контрола на тренер, исто како што ви се привлечни возбудувањата и ризикот. Поради способноста на концентрација, ви одговараат спортови како што е стрелаштво, јавање, голф…
Јарец
Идеално би се снашле како планинари или во кој било спорт кој подразбира качување. Но, наклонетоста кон овие спортови доаѓа и од вашата љубов кон природата.
Водолија
Колку спортот е „полуд“ толку ви е поинтересно. Кога сте во птичја перспектива, вие сте најсреќни. Поради сето ова, летањето со балон или падобран, е совршен спорт за вас.
Риби
Вие се рекреирате само ако не се заморувате психофизички. Идеални спортови за вас се – јога, медитација и риболов.
Коментарите се затворени