Идеални чевли за вашата фигурата: Послаба жена, потенки потпетици
Знаете ли дека чевлите можат да го обликуваат телото: ем што се моќни да ги нагласат неговите адути, ем можат да го сокријат она со што не се гордееме. Дознајте кои чевли се најпогодни за вашата фигура.
Жени со кратки нозе
Ако нозете ви се кратки и слаби, прво и основно е да одбегнувате чевли со ременчиња.
Исто така, бирајте чевли со заоблен врв. Ако преферирате удобност, балетанките се идеални за вас, под услов да ги комбинирате со фустан или со здолниште над колено. Исечените модели имаат способност визуелно да ги намалат нозете. Слободно купувајте шарени, чевли со тренди додатоци…
Крупни дами
Идеално решение за вас се чевли со платформа и ременчиња, кои помалку ја затвараат ногата.
Што се однесува до боите – еднобојните модели се одличен избор за вас, бидејќи ефикасно ја намалуваат силуетата а добро е да се од велур или мат- кожа.
Соодветни чевли за покрупни жени се класични високи потпетици во неутрални бои, чевли со остар врв и без прсти, како и чизми кои завршуваат под колено.
Жени со долги нозе
На овие жени секаков тип на чевли им прилега одлично. Најважно од се` е да се расчисти со митот дека високите жени не можат да носат потпетици. Напротив, долги и витки нозе ќе изгледаат неверојатно со пар високи чевли.
Доколку сепак барате друга опција, знајте дека секогаш можете да се обложите на папучи, бидејќи немате потреба дополнително да ја издолжувате силуетата. Чевли со тенки ремчиња, сандали и високи потпетици, се исто така погодна опција за вас, особено ако имате слаби зглобови.
Имате можност да носите и модели со екстравагантни декорации, во светли и метални бои. Одбегнувајте остар врв, бидејќи така се создава дополнителна должина на ногата.
Жени со мускулести нозе
Мускулести и добро оформени нозе се супер секси. За да се издолжат оптички, ставете високи потпетици со остар врв и без прсти, со интересни шарки или во светла боја.
Избегнувајте папучи, тие прават ногата да изгледа тешка.
Ако имате полни глуждови, држете се настрана од чевлите со ременчиња кои оптички ја сечат ногата на половина. Чевлите со остар врв се вашите најдобри другарки, бидејќи создаваат илузија за пропорционална и слаба нога.
Полни листови
Ако имате полни листови, чевлите од типот на „деколте“ и оние без петти се многу погодни за вас. Одбегнувајте модели со дебели потпетици и платформи, кои ќе ви ги прошират нозете.
Прилагодете ја големината на декоративните елементи и траки спрема големината на чевлите. Значи, ако имате поголема нога, бирајте модели со широки ремчиња и декорации кои одговараат на вашата големина. Ако имате помали нозе – чевлите со остар врв и ситни декорации се секогаш добро решение.
Коментарите се затворени